Наводната љубовница на Душко Тошиќ отворено за односот со него

Тужба!

Фото: Инстаграм

Интересот на јавноста и на медиумите за бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ никако да се намали, па покрај написите за семејно насилство, актуелни се и оние дека во односот на сопружниците е замешано и трето лице.

Имено, дел од медиумите во Србија ја пренесоа веста дека популарниот фудбалер е во врска со младата Софија Шашиќ, ќерка на бившата сопруга на Аца Лукас, Соња Вуксановиќ, и пејачот Жељко Шашиќ. Оваа приказна, меѓу другото, предизвика изненадувањезатоа што поп-пејачката Јелена Карлеуша е блиска пријателка со Соња Вуксановиќ.

Досега никој од главните актери се нема огласено во јавноста, се’ додека госпоѓицата Шашиќ одлучи да ги расчисти работите за хрватското издание на магазинот „Стори“.

Имено, младата блогерка ги демантира сите медиумски наводи и истакна дека испратила тужба на адресата која ја измислила оваа лажна вест.

Станува збор за апсолутна лага. Не сакам да ги коментирам написите бидејќи тужбата е испратена на конкретната адреса“, кратко објасни Софија Шашиќ за хрватското издание на магазинот „Стори“.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.