Рада Манојловиќ од скромната куќа направи вила (ФОТО)

Погледнете како изгледала порано, а како изгледа сега!

Куќата на фолк-пејачката Рада Манојловиќ во родното село Четереж важи за една од најубавите во селото, иако порано не било така.

Имено, кога пред 15-тина години првпат се појави на сцената, пејачката не криеше која е и од каде доаѓа, напротив, таа ја отвори вратата на својата скромна куќа за новинарите. Тогаш раскажа дека нејзините родители се занимаваат со земјоделство, и дека нејзиниот татко продава на пазари и панаѓури и дека од тоа живеат.

Меѓутоа, откако Рада стана позната, многу нешта се сменија, за почеток, покрај стариот дом никна прекрасна, голема куќа, во која Рада вложуваше се’ што заработуваше.

Меѓутоа, во куќата во моментов никој не живее, бидејќи таткото и маќеата на пејачката сепак продолжија да живеат во старата куќа, а во новата доаѓаат само Рада и сестрата Марија за време на празниците, кога семејството се собира во родното село.

Манојловиќ се’ уште нема купено недвижнина во Белград, а во една пригода изјави:

Јас сум од луѓето што мислат дека секогаш ќе имаат време и пари, дека ќе заработи, па ќе дојде на ред и станот во Белград. Ми беше важно тука да средам се’, а има уште што да досредувам“, изјави пејачката.

Фото: Printscreen Amidzi Sou

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.