КАКО суплементите ги менуваат нашите гени?

Манифестирањето на нашето генетичко наследство може да биде модифицирано од хранливите состојки и од додатоците во исхраната што ги консумираме, од начинот на кој спиеме или од начинот на кој се справуваме со стресот. Со други зборови, можеме „да ги смениме нашите гени“. А кои хранливи состојки се ефикасни во тоа?

Витаминот Е е еден од најзначајните антиоксиданси бидејќи му помага на организмот правилно и целосно да го искористи кислородот. Земајќи предвид дека хранливите состојки што го содржат лесно се расипуваат, тој индустриски се отстранува од нив и се заменува со вештачки антиоксиданси. Неопходен е за нормално создавање антитела и за имунитетот.

За разлика од витаминот Ц, кој е хидросолубилен, значи ги заштитува водените раствори во организмот од оксидација, витаминот Е е липосолубилен и ги чува клеточните мембрани и структурните масти од оксидација.

Ниското ниво на витамин Е во организмот го зголемува ризикот од карцином. Значи, зголеменото консумирање витамин Е претставува одлична превенција од оваа болест.

ПРИРОДНИ ИЗВОРИ: најмногу витамин Е има во ладноцедените масла, семките, јаткастите плодови, легуминозите, никулците, во морската риба… За да се постигнат терапевтски концентрации, мора да се вклучат и суплементи.

ПРЕПОРАЧАНА ДОЗА: оптимално ниво, кое обезбедува терапевтска концентрација, изнесува меѓу 400 и 800 интернационални единици, односно 270 мг до 540 мг на ден.

Бета-глукан ГО МОДЕЛИРА ИМУНИТЕТОТ СПОРЕД ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗМОТ

Бета-глукани се имуномодулатори – дејствуваат на имунолошкиот систем така што го вооружуваат нашите клетки за борба против вирусите и бактериите, истовремено намалувајќи го оној дел на имунитетот што е агресивен за сопственото тело – во намалување на автоимуните болести.

Бета-глуканот ги активира имуноклетките – макрофаги. Макрофагите ги елиминираат туѓите супстанции што го напаѓаат организмот.

Тие поттикнуваат цела каскада на имунолошки процеси, овозможувајќи му на нашето тело да произведе ефикасен одговор на имунолошкиот систем.

Примарен имунолошки одговор е зголемување на воспалението, што не е секогаш корисно.

Наместо тоа, имуномодулаторите, како бета-глукан, регулираат соодветен имунолошки одговор. Бета-глуканот е полисахарид – низа од молекули на гликоза. По должина на низата може да се појават места на разделување во одредени точки, малку менувајќи ги структурата и видот на бета-глуканот. Овие варијанти се означени со бројки и со букви.

Значи, кога гледаме бета-глукан што е наведен како состојка или додаток, може да се чита бета 1,3/1,4 глукан или бета 1,3/1,6 глукан итн. Важно е да се знае дека бројките 1,3 и 1,6 означуваат биолошки активни облици на бета-глукан. Бета 1,3 Д-глуканот е добиен од клеточните ѕидови на квасецот за печење и стана познат како еден од најефикасните облици на бета-глукан.

Пробиотици ПРИЈАТЕЛИ НА НАШИОТ МИКРОБИОМ

Во текот на само еден ден може да дојде до рапидни промени на генетичкиот материјал на нашиот микробиом, поради земање антибиотици, консумирање лоша исхрана, внесување хемикалии, стрес…

Дури 90 отсто од клетките во нашиот организам воопшто не се човечки. Тоа се клетки на разни микроорганизми, пред сè бактерии. Во нас ги има 10 пати повеќе од нашите, човечки клетки. Овој збир на микроорганизми во нашето тело се нарекува микробиом.

Тие ја варат храната, ни го регулираат апетитот, го контролираат метаболизмот,  ни го регулираат имунолошкиот систем, влијаат врз расположението. Освен тоа, произведуваат и неопходни витамини, невротрансмитери, природни антибиотици и други важни супстанции.

Во текот на само еден ден може да дојде до рапидни промени на генетичкиот материјал на нашиот микробиом поради земање антибиотици, консумирање лоша исхрана, внесување хемикалии или стрес.

Меѓутоа, благодарение на пробиотиците, за само неколку недели можеме во голема мера да ја подобриме состојбата на нашиот микробиом. На тој начин можеме да ги контролираме нашето здравје, апетитот и метаболизмот.

Салвестроли МАЈСТОРИ ЗА САМООДБРАНА

Откривањето на салвестролите објасни зошто исхраната богата со зеленчук и со овошје има заштитни ефекти.

Салвестролите се природни соединенија во одредени билки што можат да се користат во терапија и во превенција на карцином, без несакани ефекти. Салвестролите на билките им служат за природна самоодбрана.

Билките не можат да избегаат од предаторите и од патогените, па затоа произведуваат хемикалии што дејствуваат како атрактанти и репеленти. Кога зрелото овошје и зеленчук ќе го нападнат габи, билките развиваат салвестроли како природна самоодбрана од нив.

Ензимите на канцерогените и на пред-канцерогените клетки ги стимулираат салвестролите да произведуваат пицеатанол, кој е отровен за клетките на ракот. На тој начин може да се објаснат заштитните ефекти од исхраната богата со овошје и со зеленчук.

Една клиничка студија од 2006 година ги испитувала ефектите на салвестролите доколку се применат како суплемент.

Резултатите биле импресивни, па затоа многумина ги опишуваат како „најзначаен продор во исхраната од откривањето на витамините.“

Текст: Александра Лишанин, диететичарка-нутриционистка

Фото: Getty Images, Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.