КАКО суплементите ги менуваат нашите гени?

Манифестирањето на нашето генетичко наследство може да биде модифицирано од хранливите состојки и од додатоците во исхраната што ги консумираме, од начинот на кој спиеме или од начинот на кој се справуваме со стресот. Со други зборови, можеме „да ги смениме нашите гени“. А кои хранливи состојки се ефикасни во тоа?

Современиот човек живее во загадено опкружување, води седентарен начин на живот, па потребни му се многу повеќе есенцијални хранливи состојки за да го одржи оптимално нивното ниво во организмот и за да се спречи таложењето на отровните продукти.

Потребите на организмот од микронутриенти растат со текот на годините затоа што расте и количеството на олово, кадмиум, алуминиум, живата и на другите елементи поради нивното наталожување.

За голем број хранливи состојки е докажано дека имаат превентивен ефект кога станува збор за развој на дегенеративните болести. Многу од нив имаат и значајна тераписка улога во случај на веќе развиена болест. Ќе наведеме само некои од нив.

Витамин Д ЗАШТИТУВА ОД КАРЦИНОМ

Долго време се мислеше дека овој витамин е важен само за здравјето на коските, но денес е познато дека помага и во намалување на ризикот од појава на сите видови карцином

Под дејство на ултравиолетовите сончеви зраци, холестеролот во кожата се претвора во холекалциферол, кој е природна форма на витаминот Д (вит. Д3) Бојата на кожата го одредува количеството на УВ-зраци што се пропушта низ неа и количеството на витамин Д што го произведуваме.

Значи, лицата со светол тен произведуваат повеќе витамин Д од црномурестите луѓе. Најновите истражувања покажаа дека повеќе од милијарда луѓе имаат дефицит од витамин Д. Долго време се мислеше дека овој витамин е важен само за здравјето на коските.

Меѓутоа, речиси секоја клетка има рецептори за витамин Д и тие се лоцирани во нуклеусот, каде што се наоѓа и нашиот генетички материјал. Тоа значи дека ние можеме да ги менуваме своите гени, односно нивната експресија – со исхраната.

Денес е познато дека „сончевиот витамин“ помага во намалување на ризикот од сите видови канцер, особено од колоректалниот и од карциномот на дојка, потоа од голем број вирусни, кардиоваскуларни и автоимуни заболувања и од дијабетес.

Едно од објаснувањата за заштитниот ефект на вит. Д е неговата улога во метаболизмот на калциумот, кој исто така има заштитна улога при развој на карцином, но поверојатно е дека е многу позначајна неговата стероидна улога, како хормонски перкурсор, во смисла на зајакнување на севкупниот имунитет.

Одредени студии сугерираат дека витаминот Д му овозможува на протеинот GcMAF да ги нападне и елиминира клетките на карциномот.

Биолошки активниот витамин Д го запира растењето и размножувањето на канцерогените клетки во организмот. Нивото на овој витамин зависи нивото на интраклеточниот магнезиум. Затоа, ако не можете да ја подобрите вредноста на витаминот Д и покрај суплементацијата – многу е извесно дека страдате и од дефицит на магнезиум во организмот.

ПРЕПОРАЧАНА ДОЗА: витаминот Д се раствора во масти и се таложи во организмот. Треба да се внимава на неговото количество во суплементите, а најдобро е тие да се земаат по препорака на квалификуван нутриционист.

За жал, повеќето професионалци препорачуваат суплементација што е недоволна за оптимална функција на организмот, само затоа што се официјално препорачани дневни дози (PDU). PDU е осмислен да ги спречи болестите поради дефицит и не се доволен за оптималното здравје.

ПРИРОДНИ ИЗВОРИ: добри извори на витаминот Д се харинга, скуша, лосос и млечни производи.

Магнезиум ЧУВАР НА СРЦЕТО

Забележано е дека лицата што страдаат од автоимуни заболувања имаат дефицит на магнезиум

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.