КАКО суплементите ги менуваат нашите гени?

Манифестирањето на нашето генетичко наследство може да биде модифицирано од хранливите состојки и од додатоците во исхраната што ги консумираме, од начинот на кој спиеме или од начинот на кој се справуваме со стресот. Со други зборови, можеме „да ги смениме нашите гени“. А кои хранливи состојки се ефикасни во тоа?

Ова е еден од најзначајните минерали и потребно е да го внесуваме во големи количества. Затоа магнезиумот спаѓа во макроминерали. Многу е значаен за правилна функција на имунолошкиот систем. Во синергија дејствува со калциумот во одржување ана густината на коските и во функцијата на нервниот и на мускулниот систем.

Помага во релаксацијата на мускулите, ја намалува нервната напнатост и есенцијален е во производство на енергија. Исхраната на современиот човек е релативно богата со калциум, но многу е дефицитарна со магнезиум, затоа што млекото, кое е најголем извор на калциум, е сиромашно со магнезиум.

Идеален однос на магнезиум и калциум е 2:3, а во случаи на дефицит на магнезиум 1:1. Магнезиумот функционира како кофактор во голем број ензимски процеси во организмот. Учествува во синтезата на протеините, вклучувајќи ги и хормоните, поради што е важен и во третман на предменструалниот синдром. Недостигот на магнезиумот се поврзува со кардиоваскуларни заболувања.

Неговиот недостиг предизвикува спазам на мускулите, а тоа може да доведе до инфаркт на миокард. Игра значајна улога и во намалување на крвниот притисок. Кај луѓето починати од инфаркт на миокард се откриени многу ниски дози на магнезиум во крвта.

Најчести симптоми на негов дефицит се спазам и треперење на мускулите, несоница, нервоза, опстипација, аритмии, покачен крвен притисок, хиперактивност, депресија, кофузија…

ПРИРОДНИ ИЗВОРИ: магнезиумот е витална состојка на хлорофилот, зелениот пигмент што се наоѓа во растенијата.

Значи, добар извор на магнезиумот е зеленчукот, исто така и пченичните никулци, бадемите и другите јаткасти плодови, кои се и добар извор на калциум, потоа пивскиот квасец, елдата, варен грав, лук, суво грозје, грашок и ракови.

ПРЕПОРАЧАНА ДОЗА: оптималната дневна доза за деца изнесува 200-375 мг, а за возрасните 375-500 мг. Терапевтските дози се поголеми и изнесуваат од 400 до 800 мг. Токсични ефекти од магнезиумот се: жед, опаѓање на притисокот, губење на рефлексите и депресија на дишењето. Тие се јавуваат кај бубрежни пациенти што земаат високи дози на магнезиум преку суплементацијата.

Дозите под 1000 мг се сметаат за сосема безбедни за користење во подолг временски период.

ВИТАМИН Ц НАЈМОЌЕН АНТИОКСИДАНС

На пушачите им се потребни околу 25 отсто повеќе витамин Ц отколку на непушачите

Учествува во метаболните процеси за создавање енергија. Исклучително е моќен антиоксиданс, есенцијален за создавање колаген, кој е неопходен за инхибирање на клеточниот ѕид на туморите, го спречува нивното метастазирање со инхибирање одредени ензими и неопходен е за развој на коските. Се препорачува за одржување и за унапредување на имунитетот.

Витаминот Ц е силен антивирусен агенс. Се покажа ефикасен против сите досега тестирани вируси, од грип до ХПВ. Неопходен е за клеточна делба која резултира со рапидно зголемување на создавањето на Б и Т-лимфоцити. Клетките што се погодени со инфекција, доколку се заситени со витамин Ц, излачуваат повеќе интерферон.

На тој начин се блокира синтезата на вирусните протеини, што им оневозможува на инфицираните клетки да се делат. Го поттикнува создавањето на фагоцити, кои не можат да функционираат ако концентрацијата на витаминот Ц е пониска од 20 мцг на 100 милиони клетки. Постојат уште голем број механизми со кои го зајакнува имунолошкиот систем во борбата со инфекции, отрови и со одредени мутации.

Добар индикатор за потребите од овој витамин е толеранцијата на гастроинтестиналниот тракт. Здрав и возрасен човек може да толерира околу 6.000 мг пред да добие дијареја. За време на инфекција со грип, оваа толеранција изнесува 12.000 мг. Интересно е што лицата со карцином и заболените од сида можат да толерираат количества од 20.000-30.000 мг на ден.

Единствена причина за намалена толеранција кај овие пациенти можат да бидат оштетувања на гастроинтестиналниот тракт со некој агенс. Исхраната богата со овој витамин значително го намалува ризикот од рак, а поголеми дози – над 5.000 мг на ден (еднакво на 100 портокала) – го продолжуваат животниот век на пациентите заболени од карцином. Од сите антиоксиданси, витаминот Ц е најефикасен.

ПРЕПОРАЧАНА ДОЗА: оптималната дневна доза се движи од 1000 до 4000 мг на ден. Во тераписки цели, подобро е витаминот Ц да се зема интравенозно, затоа што е посигурно дека ќе се постигне потребната концентрација во крвта. На пушачите им е потребно околу 25 отсто повеќе витамин Ц отколку на непушачите.

Во зима исто така растат потребите од овој витамин, како и во постарата животна доба, кога дневната доза на витамин Ц треба да се подели во повеќе дози. На оние што консумираат алкохол им се потребни повисоки дози витамин Ц и цинк, бидејќи се неопходни за синтеза на хепаталните ензими.

Витамин Е ЕЛИКСИР НА МЛАДОСТА

За да се постигнат терапевтските концентрации, мора да вклучиме додаток на витамин Е

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.