Како се соочуваат психијатрите, психолозите и другите професионалци со коронавирусот?

Усвојте ги нивните навики!

Фото: Pexels

Не треба вие или вашето семејство да бидете заразени за коронавирусот да остави трага на вашата психа, а сè што треба да направите е да ги следите вестите.

„Вестите ги гледам само двапати на ден“

Вестите за коронавирусот се менуваат од час на час, а тоа може само да го зголеми чувството на стрес. Како што вели д-р Нејт Упшо, психијатар, потребно е да се најде рамнотежа: „Јас лично го следам текот на настаните гледајќи ги вестите двапати на ден наместо да ги гледам цел ден“.

„Секое утро излегувам на сонце”

Доколку сакате да го подобрите расположението, најефикасен начин е да излезете на воздух, на сонце, а овој ефект ќе трае цел ден.

„Проштеката на сонце е првата работа што ја правам наутро, затоа што ме ослободува од стрес, пешачам, дишам свеж воздух и тоа е одличен почеток на мојата дневна рутина“, објаснува д-р Упшо, додавајќи дека ова го зајакнува имунитетот, што е многу важно за зачувување на здравјето.

„Секој ден проверувам како се моите најблиски“

Изолацијата може да предизвика чувства на тага, депресија и осаменост. За среќа, постојат средства со кои можеме да ја надминеме изолацијата – постојат „Фејсбук“, „Скајп“ и други социјални мрежи за да им се олесни поврзувањето на луѓето, затоа треба да се користат.

„Секојдневно контактирам со саканите со помош на технологијата“, вели Лиза Ји, личен тренер во Сан Диего, која истакнува: „Разговорот со нив ми помага полесно да го надминам овој хаос и паника и да останам оптимист во време на криза“.

Прочитајте и: Како лесно да се соочите со вестите што предизвикуваат стрес и страв

„Учам да свирам гитара“

И самото слушање музика може да ве смири, но ако свирите на инструмент, имате силна алатка во рацете за мирна глава и дух. Лекарот Роберт Вилијамс планира да го искористи ова време за да совлада нови вештини.

„Мислам дека совладувањето на нови вештини или извршувањето на хоби е важно за полесно опуштање и справување со ситуацијата, па решив да научам како да свирам гитара. Забележав дека ме релаксира и ја буди креативноста во мене. Ако ви се допаѓа оваа идеја, побарајте еден од многуте упатства што ќе ви помогнат “, рече тој.

„Ја подготвувам својата омилена храна”

Она што јадете може многу да влијае на вашето расположение, вели Клер Сигел, нутриционист кој внимателно подготвува оброци за себе. Одвојте неколку часа на ден за да подготвите оброци.

„Пилешко, лута пиперка и кромид во моментов се на распоред, што може да се претвори во бурито. Расположението зависи од тоа што го подготвувам, но важно е да вклучам протеини, здрави масти и јаглехидрати во моите оброци “, објасни таа.

„Се движам и вежбам“

Утринската физичка активност ќе го олесни секое чувство на стрес во текот на денот.

„Се протегам, гледам видео и ги следам вежбите или само шетам низ соседството. Седењето пред телевизорот цел ден може да предизвика да се чувствувате изолирани, па дури и малку активност ќе ви помогне“.

Остатокот од текстот прочитајте го на следната страница!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.