Брзо и лесно: Пудинг колач

Едноставна подготовка

Колачот од пудинг може да се направи на различни начини, зависно од тоа што во моментот го имате во кујната. Можете да додадете бисквити, овошје, трошки од чоколада, желе бонбони и слично.

Состојки:

  • 300 грама бисквити
  • 700 милилитри млеко
  • 5 лажици шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 2 пудинзи со вкус по желба
  • 100 грама путер
  • 200 милилитри слатка павлака или кесичка шлаг крем

Приготвување:

Одвојте 100 мл од вкупната количина млеко и измешајте го пудингот во него. Остатокот од млекото измешајте го со шеќерот и ванилинскиот шеќер и оставете го да зоврие на умерена температура. Штом млекото зоврие, додајте го пудингот и варете го, мешајќи постојано, сè додека не се згусне.

За да ги избегнете грутките, истурете го пудингот постепено, а додека го правите тоа со другата рака постојано мешајте ја мешавината, така што млекото и пудингот добро се соединат. Гответе додека пудингот не е кремаст и густ.

Прочитајте и: 3 предлога за најздрав појадок: Го зајакнуваат телото, го забрзуваат метаболизмот, даваат енергија за цел ден!

Оставете го пудингот да се излади, а за да го забрзате ладењето тавата со пудинг ставете ја во поширока тава со вода со мраз. Промешајте го пудингот и изладете го многу побрзо. Друг начин е да го покриете со проѕирна фолија и да оставите постепено да се олади на собна температура.

Во добро оладениот пудинг додадете путер (како замена може и маргарин) и измешајте така што филот е кремаст.

Во соодветна тава или калап, наредете ги бисквитите и истурете го пудингот над нив. Слатката павлака или шлагот изматете ги и украсете ја тортата по желба. Оставете додатно да се олади во фрижидер и сервирајте.

Предлог за главно јадење: Похувано пилешко со сос од лимон

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.