5 фактори што можат целосно да ви го уништат имунитетот: За ова воопшто не сте свесни!

Сочувајте го здравјето

Ова се клучните работи што треба да ги знаеме сега

Имунитетот е природна одбрана на човечкиот организам од надворешни фактори кои го загрозуваат здравјето. Многу органи и процеси учествуваат во создавањето на имунитетот. На нив можеме да влијаеме со добри навики, но постојат и многу фактори што значително ја намалуваат отпорноста на организмот на разни болести, односно кои ги уништуваат имунитетот.

Ова се најчестите фактори за слабеење на имунолошкиот систем:

1. Лекови

Лековите против болки, како што се кортикостероидите или антивоспалителните лекови од нестероидно потекло, можат да предизвикаат оштетување на цревната слузокожа. Како резултат на тоа, личноста може да развие синдром на цревна пропустливост. Последица на ова е слабеење на заштитните својства и намалување на функционалните способности на имунолошкиот систем.

Нарушувања на имунолошкиот систем може да се појават ако личноста користи таблети против болки дури неколку пати неделно. При најмал сомнеж, треба да се посоветувате со лекар, да се прегледате и да одберете друга, поблага терапија.

2. Лекови за ублажување киселини

Многу луѓе користат лекови против киселини самостојно, без рецепт од доктор. Но овие, на прв поглед, безбедни лекови, може да имаат негативно влијание врз имунолошкиот систем од повеќе причини. Наједноставните антациди ја намалуваат киселоста во стомакот. Посериозните инхибитори радикално ја менуваат концентрацијата на киселините.

Факт е дека потребна е одредена концентрација и количина на киселини во желудникот за да дојде до стерилизација на консумираните производи, а тоа телото самото го обезбедува. Ако човекот зема лекови што ја намалуваат киселината или нејзината концентрација, тогаш неговите системи се поподложни на агресивни микроорганизми.

При зачестена употреба, се намалува и количината на витамините Б12, Ц, железо, цинк и други, поради што имунитетот слабее. Секако дека ако киселината му прави проблеми на човекот, треба да зема лекови, но исклучиво по препорака и под лекарски надзор.

 Антибиотици

Познато е дека антибиотиците ги убиваат сите бактерии, и добрите и лошите, па влијаат и врз функцијата на имунитетот. За да лекувате заразни или други болести што се лечат со антибиотици, терапијата мора да биде препишана од страна на лекари, а по терапијата, неопходно е да се обнови цревната микрофлора во телото. Во никој случај немојте да пиете антибиотици на своја рака!

3. Ригорозни диети

Желбата за совршени пропорции честопати ве тера да започнете некоја нискокалорична диета. Треба да бидете свесни дека човечкото тело е складен систем и дека наглата промена во неговата работа предизвикана од строгата диета, во повеќето случаи може да предизвика сериозни последици и го оштети имунолошкиот систем. Само правилната, урамнотежена исхрана и исфрлањето на штетната храна можат да ве ослободат од вишокот килограми и истовремено да ви го подобрат имунитетот.

4. Алкохолни пијалаци

Алкохолните пијалаци многу им наштетуваат на сите органи и системи во телото, вклучувајќи го и имунитетот. Алкохолот ја инхибира способноста на коскената срцевина да произведува црвени и бели крвни зрнца, што ја слабее функцијата на слузокожата. Ако не можете целосно да ја елиминирате употребата на алкохол, би требало барем значително да ја намалите неговата количина, што ќе ви помогне значително да го зајакнете организмот.

5. Хронична осаменост

Многу медицински истражувања покажале дека луѓето кои имаат постојано чувство на осаменост и страдаат од депресија како последица на тоа, имаат послаб имунитет. Повеќето луѓе признаваат дека се чувствуваат многу осамено и социјално изолирано. Некои од нив живеат со роднини во големи семејства. Па така, хроничната осаменост не зависи од присуството или отсуството на социјална комуникација во животот. Тоа се психолошки проблеми кога личноста чувствува дека не го пронашла своето место во светот и општеството.

Осаменоста, кога не е свесен избор на самата личност, го нарушува здравјето на клеточно ниво, придонесува за појава на воспалителни процеси, инхибиција на имунолошки реакции, вклучувајќи и вирусни патогени.

Вежбите за опуштање, намалување на стресот, помошта од психолог, помагаат за ослободување на анксиозноста, стравот од комуникација и помагаат да се помирите со реалноста.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.