Германска медицинска комора советува: Избегнувајте ги овие 5 пијалаци додека земате антибиотик!

Сите знаеме за алкохолот, но овие четири пијалаци можат да ве изненадат.

Антибиотиците се лекови кои го спречуваат растот на бактериите и се користат во третманот на бактериски инфекции. Тие се сметаат за едно од најголемите достигнувања на 20 век, а правилното користење е клучно.

Ако земате антибиотици премногу долго или самостојно, односно без пропишан рецепт, може да се случи лекот да не делува правилно, односно бактериите да станат отпорни. Влијанието на исхраната врз дејството на антибиотиците не е занемарливо.

Експертите од Германската медицинска комора препорачуваат кои пет пијалаци треба да ги избегнувате.

Млеко

Млекото и млечните производи се богат извор на калциум што може да ги наруши ефектите на лековите, особено антибиотиците.

„Некои антибактериски агенси се врзуваат за калциумот во цревата и создаваат комплексни молекули кои се толку силни што не можат да навлезат во цревниот ид во крвотокот“, објаснуваат лекарите и додаваат дека најдобро е да се избегнуваат млечни производи два часа пред и по земањето антибиотици.

Алкохол

„Алкохолот може да го намали или зголеми дејството на лековите, а антибиотиците не се исклучок. Ако се консумираат заедно, може да се појават главоболки, гадење и повраќање“, вели еминентниот германски експерт д-р Томас Лошер.

Минерална вода

Минералната вода содржи многу минерали, како што се калциум, железо и магнезиум. Исто како и со калциумот во млекото, во овој случај, минералите можат да се врзат за активните состојки на антибиотиците и да ги претворат во неефикасни. Затоа, минералната вода треба да се избегнува два часа пред и по земањето антибиотици.

Овошен сок

Овошните сокови не се добра комбинација со антибиотици, бидејќи тие можат да содржат одредени ензимски инхибитори кои можат да го нарушат метаболизмот на некои лекови во црниот дроб.

Кафе

Ефектите на пијалaците како што се кафето, црниот и зелениот чај или енергетските пијалaци може да се зајакнат со употреба на антибиотици, што може да резултира со забрзано чукање на срцето и отежнато спиење.

Прочитајте и: Научно потврдено: Ова е убедливо најздравата билка на планетата!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.