Контроверзно тврдење на доктор: „Не можете да лудувате до 35 години, па да очекувате принц на бел коњ!“

Предизвикало бура од реакции!

Доктор Зоран Миливојевиќ предизвикал вистинска бура на социјалните мрежи поради ставот за девојките кои го чекаат идеалниот партнер за брак

Ви ја пренесуваме неговата приказна за факторите што влијаат врз нормалниот раст и развој и тезата за тоа што ја прави една личност позрела од друга во емоционална смила.

„Многу возрасни луѓе, особено помладите, одбиваат да пораснат и се водат според детските фантазии за идеална љубов, која ќе им се случи тогаш кога ќе го најдат својот идеален партнер.

Очекуваат дека дури откако ќе го најдат својот идеален партнер, ќе ја пронајдат својата среќа. Често, ваквите луѓе се наоѓаат на слепа улица на емоционалното созревање, а тоа најчесто се оние луѓе кои во детството биле премногу заштитени. Таквите луѓе имале удобно детство и сите околу нив се труделе да им угодат на сите можни начини“, наведува докторот.

Докторот смета дека идентификацијата е многу важен процес на растење, кога децата се огледуваат на своите родители:

„Кај нас тоа веќе 50 години наназад не функционира, девојките не сакаат да личат на своите мајки од причина што најчесто ги гледаат како жртви. Нивните мајки имаат многу обврски и многу работат, па тие заклучуваат дека нивните мајки се жртви и одлучуваат дека не сакаат и тие да бидат такви. Таквите девојки, како што растат, попрво одбираат да бидат како татковците, да гледаат телевизија, да читаат весници и да не се занимаваат со женски работи.“

На тој начин, нагласува докторот, тие го блокираат созревањето, а истовремено стареат:

„Нивното тело старее, а психичкото и емоционално созревање изостанува. За жените најдоброто време да станат мајки и да родат дете е околу нивната 24-та година, но жените честопати почнуваат да размислуваат за тоа дури околу својата 34-та година. Нивните мајки прават голема грешка и ги советуваат да ‘проживеат’, да го видат светот, па дури потоа да се омажат и да имаат деца.“

Пораката што направила вистинска бура на социјалните мрежи им е упатена на девојките кои „не се смириле“ до одредени години од животот:

„Не можете да очекувате дека ќе лудувате до 35 години и потоа ќе се појави оној вистинскиот, принц на бел коњ кој ќе ве освои и со кого ќе живеете среќно до крајот на животот. Обично, оној вистинскиот не се појавува тогаш кога тие очекуваат, времето минува, а тие стареат и така ја дочекуваат 40-та сами.“

Докторот објаснил и зошто е тоа така:

„На жените во тие години им се намалува можноста за зачнување, па често се случува убави и паметни жени да не станат мајки, иако го посакувале тоа.“

Докторот смета дека децата денес многу порано влегуваат во пубертет, па така гледаме девојчиња кои се шесто одделение, а тие изгледаат како да се осмо. Меѓутоа, тоа не значи дека девојчињата секогаш се позрели и дека порано созреваат од момчињата. Сето тоа зависи од критериумите според кои се оценува зрелоста.

„Ако погледнеме една жена која е во 40-те години, која има кариера, стан, автомобил, добри односи со семејството, според некои општествени критериуми, таа е зрела жена, но дали навистина е така? Ако го погледнеме нејзиниот емоционален развој, таа сè уште е девојче кое чека да се појави принцот кој ќе ја спаси и ќе ја направи среќна до крајот на животот. Таа со своите 40 години размислува како девојче од 14 години“, заклучил докторот.

Каков е вашиот став за девојките кои не сакаат да се омажат веднаш по завршувањето факултет и во биолошки зрели години го чекаат принцот на бел коњ?

Заеднички живот пред брак? Размислете подобро!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.