Научно потврдено: Ова е убедливо најздравата билка на планетата!

Нејзините моќи се чудотворни

Има неверојатна кислородна способност да апсорбира слободни радикали со дури 314.446 единици!

Станува збор за каранфилчето! Каранфилите се ароматични цвеќиња од семејството Myrtaceae, Syzygium aromaticum. Потекнуваат од Индонезија и често се користат како зачин. Каранфилите комерцијално се собираат првенствено во Бангладеш, Индонезија, Индија, Мадагаскар, Занзибар, Пакистан, Шри Ланка и Танзанија. Каранфилите се достапни во текот на целата година.

Каранфилчето, традиционално е омилената зимска мирудија. Каранфилчињата се всушност незрели, неотворени цветни пупки на зимзелено тропско дрво од семејството мирта.

Додека се свежи се розови, а исушено ја менуваат бојата во црвено-кафеава. Имаат должина од 12-16 мм и личат на шајки. Стебленцата завршуваат со истакнати четириделни цветни пупки. Мирисот им е топол и ароматичен, а вкусот слаткаст и многу јак. Првпат се спомнува во кинеските записи уште во 400 година п.н.е. Римјаните го запознале овој вреден зачин преку арапски трговци.

Каранфилчето кај нас најпознато е како зачин. За жал, често забораваме на неговите бројни лековити својства. Традиционалните кинески лекари го користат каранфилчето уште од дамнешни времиња за лекување дигестивни нарушувања, дијареја, хернија, лишаи, атлетско стапало и габични инфекции. Индиските ајурведски исцелители со него лекуваат и респираторни проблеми.

Средновековните германски тревари со смеса од каранфилче се бореле против гихт. Старите американски лекари го користеле за лекување дигестивни проблеми, а го додавале и во горчливи билни лекови за да бидат повкусни. Тие направиле и масло од каранфилче, со кого ги масирале непцата за да ублажат забоболка.

Неколку капки етерично масло од каранфилче, измешани со вода, ќе го сопрат повраќањето, а инфузијата – мачнината.

Етеричното масло од каранфилче е ефикасно против многу бактерии и паразити.

Каранфилчето содржи еугенол, кариофилен и танин, кои имаат силни антимикробни својства.

Овие материи патуваат со крвотокот убивајќи ги ситните паразити, нивните јајца и ларви.

Плакнењето на усната празнина со разредено масло или џвакањето пупка од каранфилче ја ублажува грлоболката.

Јапонските научници откриле дека, како и многу други зачини, каранфилчето содржи антиоксиданси кои помагаат да се спречи оштетувањето на клетките, кое може да резултира со рак.

Неодамнешно истражување покажало дека каранфилчето е најдобриот антиоксидативен зачин поради високото ниво на фенолни соединенија.

Каранфилчето е стимуланс, локален антисептик и благ анестетик. Има позитивни ефекти на желудочната слузокожа, ги опушта мускулите кои го обложуваат дигестивниот тракт, дејствува против повраќање и подуеност и генерално поттикнува правилна функција на дигестивниот систем.

Стоматолозите во минатото користеле масло од каранфилче како орален анестетик. Исто така, го користеле за дезинфекција на коренските канали на забите. Маслото од каранфилче сè уште е активна состојка во некои производи за плакнење на устата и ублажување на лошиот здив. Според народните верувања, ако ставите 2 цели каранфилчиња во уста, без да ги џвакате или голтате, ќе ви се намали желбата за алкохол.

Лековитото дејство на каранфилчето:
  • ја подобрува дигестијата
  • помага за инфекции на респираторните патишта
  • ублажува забоболка
  • уништува паразити и бактерии
  • природен антиоксиданс
  • помага во лекувањето габични инфекции
  • има својства на антисептик и анестетик
  • дејствува како афродизијак
  • помага кај гихт

За лековити цели обично се користи масло или капсулиран прав од каранфилче. Вообичаеното дозирање е 2-5 грама каранфилче дневно.

Можете да направите и вкусен, лековит чај од каранфилче и цимет. Во половина литар вода ставете 2 стапчиња цимет и 6 цели каранфилчиња. Варете 15 минути, а потоа исцедете. Пијте по 2-3 чаши чај дневно.

Го исфрла вишокот вода од организмот, го нормализира холестеролот и лекува кожни заболувања: Ова е најлековитата билка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.