Bond No. 9 го одбележува Меѓународниот ден на жената и нејзините достигнувања

Жените денес се искачуваат во првите редови, како никогаш порано. Bond No. 9 слави моќта и силата на жените насекаде. Со задоволство може да се каже дека парфимеријата ја истакнува женската моќ уште од основањето, пред 18 години.

Оваа приказна и достигнување, гледајќи “надвор од кутијата”, се надеваме дека ќе ги инспирира и другите жени, без разлика на нивната бизнис кариера или животот кој што го водат.

Во индустријата каде што најчесто доминираат мажите, Bond No. 9 е првиот парфем  во New York кој е 100% предводен од жена, основачката и претседателка Laurice Rahmé, која го надгледува целиот процес во создавањето на парфемот, дизајнот и ентериерот на секоја парфимерија на Bond No. 9.

Посветени на дизајнирање миризливи евокации на улиците во New York, од Riverside Drive до Chinatown и Coney Island, Bond No. 9 има двојна мисија: Да ја врати уметноста  и да ја обележи секоја населба со свој сопствен и уникатен мирис.

Laurice го подржува здружението на Обединетите нации “Women for Peace“. За нејзината голема посветеност, таа ги доби почестите од дружението за 2015 година, и Bond No. 9 е горд спонзор на Организацијата за жени на ООН за мир. Здружението од своето основање и е посветено и ја поддржува нејзината мисија.

Секојдневен доказ за силата на различностите е тоа што во компанијата Bond No. 9, 80% од вработените се жени.

За мирисите: Тие се смислени, создадени и спакувани со женски допир. Сите имаат непогрешлив потпис што ги прави веднаш претпознатливи.

Избегнувајќи го традиционалното, тие се модерни, насочени кон 21век. Инспирацијата е секогаш различна, дали е аурата на заоѓањето на сонцето, или женските задоволства на Park и Madison Avenues, историскиот Харлем, како и зелените паркови и преубавите плажите во New York.

Амбалажата на Bond No. 9 е иновативна и создадена по женската интуиција.

Шишињата се карактеристични, со апстрактни дизајни, различни и уникатни дизајни за секој мирис.

Пораката на Bond No. 9 е следната:

Превземете иницијатива. Застанете и борете се за Вашите права.

Не плашете се да го предизвикате авторитетот. Да го задржиме ова движење со просперитет.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.