Д-р Ариф Пени: „Лила Филиповска се јави на преглед во VFV Clinic со анамнеза што ме натера посериозно да ја сфатам нејзината состојба“

Со задоволство би го прераскажал искуството со нашата пациентка Лила Филипоска, која, според мене, е голем херој и позитивен пример што ќе придонесе во иднина секоја жена ќе се соочи со сличен проблем да може со самодоверба, гордо, храбро и успешно да го надмине.

Приватната VFV Clinic е здравствена установа чија главна цел е да придонесе за поефикасно и поконцизно здравство, кое на најдобар начин ќе му служи на општеството. Токму затоа, Лила Филиповска одлучи првите чекори за дијагностицирање и препорака за третман на канцерот на дојка да ги направи на ова место.

Oсобено сум благодарна на VFV Clinic, болницата каде што ги направив првите чекори во ова мое искуство. Д-р Ариф Пини инсистираше на темелни дијагностички методи, па така и дојде до конечната дијагноза. Инаку, VFV Clinic е приватна клиника со врвен дијагностички центар, со комплетна апаратура за дијагностика од последната генерација на Simens.

Во таа толку застрашувачка ситуација, посебно ми беше драгоцен и човечкиот, покрај професионалниот однос на докторот и целиот тим на клиниката, раскажува најпознатата водителка.

Токму д-р Ариф Пени ни го раскажа нивното искуство во соочувањето со оваа деликатна ситуација.

Д-р Ариф Пени, VFV Clinic

Најголемото задоволство на еден лекар е да го види својот пациент насмеан, тоа можеби претставува најголемата награда за нас, нешто од каде ние лекарите црпиме позитивна енергија и покрај сите денешни предизвици со кои се соочуваме.

Со задоволство би го прераскажал искуството со нашата пациентка Лила Филипоска, која, според мене, е голем херој и позитивен пример што ќе придонесе во иднина секоја жена ќе се соочи со сличен проблем да може со самодоверба, гордо, храбро и успешно да го надмине.

Кога Лила Филиповска се јави на преглед во нашата VFV Clinic, иако таа, како што сите ја знаеме, е секогаш насмеана, ведра и позитивна, ми даде анамнестички податоци кои ме натераа посериозно да ја сфатам нејзината состојба и да побарам дополнителни испитувања, имајќи предвид дека во VFV Clinic го имаме дијагностичкиот центар со најмодерна и најнова медицинска опрема:

* Дигитален рендген-систем – Simens Multix Impact (RTG)

* Магнетна резонанца – Simens Sempra 1.5T (MRI) со краток тунел и добар комфор, со и без контраст

* Компјутерска томографија – 128 слен – Simens Somatom GO UP (KT) со најсовремен сет детектори – со и без контраст

* Мамодијагностика – мамографија  – Simens Fusion со голем дигитален детектор и ултрасонографија – Simens ACUSON ELITE (за ехо на дојка)

Одлучивме веднаш да се направи дигитална мамографија и воедно ултразвук на дојки бидејќи ќе се  овозможи да се направи разлика помеѓу циста исполнета со течност и со солидна маса. Потоа, за конечна дијагноза беше направена и биопсија. Веднаш потоа се започна со понатамошното лекување за да може денес Лила Филиповска со својата успешна приказна да биде пример и поттик за сите жени кои би се соочиле со ваков проблем.

ПРЕПОРАКА ЗА СИТЕ ЖЕНИ

Сите жени се охрабруваат да прават редовни прегледи бидејќи навремената поставена дијагноза гарантира и добар резултат. Повеќе од 90 % од сите случаи на рак на дојка се откриваат од страна на скрининг со мамограф. Американското здружение за рак препорачува годишни мамографи за сите жени над 40 годишна возраст.

Жени со висок ризик за рак на дојка може да започнат да прават мамографија на помала возраст. Мамографијата е корисна за откривање на рак на дојка, кој е премногу мал за да биде идентификуван на физички преглед. Затоа се препорачуваат редовни преглед, кои се премногу значајни за навремено откривање секакви промени во дојките кај жените и за, воедно, навремено дијагностицирање и третман.

24/7 ЗА СИТЕ ПАЦИЕНТИ

VFV Clinic нуди услуги во двата здравствени сегменти:

  1. Примарна медицина – составена од тим на пет општи доктори и пет медицински сестри. Клиниката работи во мрежа на здравствени установи, односно општите лекари се и матични лекари (поврзани со Фонд). Мобилен тим за домашна посета и секундарна медицина составена од осум доктори специјалисти и десет средно-технички персонал.
  2. Секундарната медицина е составена од следните дејности: педијатрија, интерна медицина, трудова медицина, психијатрија, гинекологија, гастроентерохепатологија, кардиологија, рендген-дијагностика и оддел за физикална терапија.

www.vfvclinic.mk

Инстаграм и Фејсбук: @vcv.clinic

ИСКРЕНО СО ЛИЛА ФИЛИПОВСКА: „Канцерот ми го смени животот, но не и мојата вредност!“

Текст: Убавина и здравје

Фото: Дарио Јанковиќ, Приватна архива

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.