„Не им се јавувам, чекам децата да се сетат на мене, се чувствувам напуштено како куче“: Исповед на заборавена мајка

Исповед што ја кине душата

Болната исповед на мајка која децата ја заборавиле и не ѝ посветуваат внимание го потресе регионот

Стареењето е природен дел од животниот циклус, но тоа не значи дека стареењето на нашите родители и другите членови на семејството не ни паѓа тешко. Зрелите години носат немоќ, со која тие тешко се помируваат, а улогите полека се менуваат, па ние ја преземаме грижата за нив, но понекогаш се случува децата да ги занемарат и заборават своите родители.

Кај постарите луѓе изолацијата може да доведе до депресија и повлекување во себе, а истражувањата покажале дека и најскромниот знак на внимание може да го намали нивното чувство на немоќ и да им го подобри психичкото и физичкото здравје.

Тажно е кога која било мајка на светот ќе се почувствува осамена, заборавена и занемарена од страна на своите деца. Таква е оваа потресна исповед на една мајка, што ви ја пренесуваме во целост:

„Имам 65 години и живеам сама. Моите две деца, синот и ќерката имаат свои животи далеку одовде, имаат свои деца и свои проблеми. Не им се јавувам, чекам тие да се сетат на мене, но тоа многу ретко се случува. Оваа година заборавија и да ми го честитаат роденденот. Нема врска, не им замерив. Знам како им е, и јас бев исфрустрирана на нивни години. Премногу се измачував себеси грижејќи се околу тоа како да ги воспитам и да им овозможам сè што им е неопходно. Драго ми е што успеав да ги школувам и да направам добри луѓе од нив, но жал ми е што се нервирав толку за сè. Зошто?

За да бидам сега сама и да седам по цели денови во четири ѕида, чекајќи да ми заѕвони телефонот и некој да ми каже ‘среќен роденден’ и да се чувствувам толку шугаво и напуштено како куче? Нека… Фала ви. Можам сè сама. Секогаш ќе си наоѓам хоби и ќе размислувам позитивно.

А вам нека ви е Бог на помош. Ќе се молам животот да не ви ја сервира судбината што мене ме снајде. Ќе се молам да не ве заборават децата, дури и ако секогаш сте биле тука за нив и сте им помогнале за сè што сте можеле, како вие што ме заборавивте мене.

Нека… Не ви замерувам. Но ќе се сетите на мене кога нема да сум тука веќе. Ќе се сетите и на роденденот и на сè, и тогаш ќе ви помине низ глава секоја ситуација во која сте ѝ згрешиле на вашата мајка. Мајката ви помогнала да стигнете таму каде што сте сега, таа не смее да се заборави туку-така. Но нека… Додека сум жива, ќе бидам тука за вас, без оглед на сè.“

„Сè што имав им дадов на децата, сега немам ни за лекови“: Исповед на една мајка на богати деца, кои не сакаат ни да ја погледнат во староста
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.