Обезбедувањето брзо реагирало: Катарина Грујуќ удрила момче од публиката, сакал да и стави пари во деколте!

Не и било лесно...

Српската пејачка Катарина Грујиќ открила дека на еден настап доживеала непријатност од страна на момче од публиката, а за да се одбрани морала да го удри.

„Момчето се качи на бина со намера да ми даде пари за песна, но сакаше парите да ми ги стави во деколте, па моментално изреагирав“ – рекла Катарина и додала:

„Веднаш го удрив по рака, а обезбедувањето исто така видело што се случува, па реагираа и тие. Така е по клубовите, не е секогаш сјајно, се случуваат ситуации кога некој од публиката ќе побара песна и тоа океј, но се знае редот и како треба да биде однесувањето. Не ми е јасно од каде потребата да го прават тоа, за среќа мене ми се случило еднаш и никогаш повторно“ – рекла познатата пејачка.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.