8 здрави и едноставни навики за брз метаболизам!

Едноставни промени за подобро здравје

Фото: Pixabay

Некои жени едноставно секогаш изгледаат витко и имаат силен имунитет. Зад тој резултат не мора да бидат драстични диети или дневни посети на теретана, туку здрави навики на кои се придржуваат. Дали се придржувате до некои од нив?

Внимавајте на внесот на сирови намирници

Сировата храна и овошјето се вари многу бавно, а често тоа може да резултира со надуеност. Ова во никој случај не е здравствен проблем, но ако планирате да носите тесна облека, имајте го ова на ум. Добро е да се јаде овошје наутро додека телото подобро го вари шеќерот. Салатата не е лоша за консумирање со храна која содржи масти, како што се ореви, авокадо, сирење и маслиново масло.

Важно е да бидете во движење

Пешачење, возење велосипед, избегнување на лифтови и ескалатори, редовна физичка активност… Важно е да бидете активни затоа што само со активен животен стил вашето тело ќе согорува калории, така ќе го зајакнете имунитетот, ќе имате повеќе енергија и едноставно ќе се чувствувате подобро.

Прочитајте и: Научно потврдено: Овој витамин ќе ве ослободи и од најупорните мигрени!

Избегнувајте нездрави закуски

Не треба да чувате чипсови, смоки, чоколади и многу други нездрави грицки дома – затоа што ако ги немате, нема да ги консумирате. Заменете ги со здрави грицки.

Залихи на здрава храна

Дома секогаш треба да имате резерва на здрава храна од која дури и ако не сте планирале можете да готвите здрав оброк. Затоа, немајте пица во замрзнувач, туку спанаќ, конзервиран зеленчук и слично.

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.