Научно потврдено: Овој витамин ќе ве ослободи и од најупорните мигрени!

Вистински спас!

Луѓето што страдаат од мигрени знаат колку е непријатна болката и колку може да го загорчи животот

Станува збор за силни, пулсирачки главоболки што можат да траат и по два дена, а се јавуваат понекогаш и два пати неделно. За време на мигренозната болка, личноста најчесто не може да ги извршува ни најосновните обврски, што значително го намалува квалитетот на животот.

Мигрената е една од најчестите болести и погодува околу милијарда жители ширум светот. Моментално, постојат голем број лекови за терапија на мигрена со различна ефикасност и голем потенцијал за развој на несакани реакции, па истражувачите ширум светот се обидуваат да најдат ефикасна, но безбедна терапија за оваа тешка состојба.

Со оглед на тоа што терапијата за мигрена откако веќе ќе се појави нападот е исклучително тешка и неуспешна во голем број случаи, истражувачите се повеќе се обидуваат да ги спречат мигренозните напади. Па така, група истражувачи го проучувала влијанието на недостигот на витамин Б врз развојот на мигрена.

Витамините Б6, Б9 (фолна киселина) и Б12 учествуваат во метаболизмот на хомоцистеин, а хомоцистеин е аминокиселина која се поврзува со зголемен ризик од тешки состојби како што е мигрената. Истражувачите го испитувале влијанието на суплементацијата со витамини од групата Б врз намалувањето на нивоата на хомоцистеин и последователната контрола на мигрената.

Најпрво, во примарно истражување било утврдено дека суплементацијата со 2 мг фолна киселина, 25 мг витамин Б6 и 400 мцг витамин Б12 доведува до значајно намалување на нивоата на хомоцистеин и симптомите на мигрена. Но максималната препорачана дневна дозна на фолна киселина е 1 мг, па истражувачите продолжиле со истражување за да се дефинира прецизната доза на фолна киселина, која ќе биде ефикасна во превенцијата на мигрена.

Истражувањето објавено во магазинот за главоболки и болки The Journal of Headache and Pain во јуни 2016, покажува дека намалувањето на нивоата на хомоцистеин и контролата на симптомите на мигрена зависат од дозата на фолна киселина и дека дозите од 1 мг фолна киселина се помалку ефикасни од 2 мг фолна киселина во контролата на симптомите на мигрена.

Истражувачите ги одбирале испитаниците според фактите дека повеќе од 70% од пациентите со мигрена се од женски пол, во периодот од 25 до 55 години. Истражувањето затоа вклучувало жени на возраст од 18-60 години со историја на мигрени од 5 години, со моментална дијагноза на мигрена со аура и со едногодишна историја на напади кои долго траат.

Имало 200 пациентки одбрани по случаен избор, кои биле на следниот дневен режим:

  • 1 мг фолна киселија, 25 мг витамин Б6 и 400 мцг витамин Б12.
  • 100 пациентки добивале плацебо наместо витаминска суплементација.

По 6 месеци, утврдено е дека нема значајно намалување на нивоата на хомоцистеин и симптомите на мигрена во контролната група, во споредба со плацебо групата.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека фолната киселина има дозно-зависно влијание врз нивото на хомоцистеин и симптомите на мигрена и потребни се понатамошни истражувања за прецизно да се дефинираат дозите на витамин Б6, Б9 и Б12, кои би се користеле во превенцијата на мигрена.

Како да препознаете мигрена пред напад: 6 симптоми што ве предупредуваат дека пристигнува неподнослива болка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.