За што се користат хомеопатските лекови?

Лек за секој тип личност

Хомеопатија е алтернативна гранка на медицината, која е призната на Запад. Кај нас е широко прифатена од страна на луѓето, покрај акупунктурата и ајурведската медицина. Токму затоа многу е важно луѓето да не мислат дека се работи за надрилекарство.

Хомеопатијата настојува да пронајде што е тоа што еден човек го прави различен од другите луѓе, и на тој начин да открие што е тоа што токму нему може да му помогне. Кога кај хомеопатот на разговор ќе дојде нов пациент, тој за него е цел еден нов свет што треба да го истражи. Хомеопатијата го враќа човекот кон самиот себеси. Низ разговор, кој може да трае и до два часа, пациентите често сами успеваат да расветлат што најмногу ги измачува.

Често се случува пациентите да раскажат нешто што никому не му го кажале, и спознавајќи ги причините за своите проблеми, да сфатат дека човекот не е само тело и дека психата е многу важна. Во текот на разговорот со пациентот, хомеопатот проценува на кој тип му припаѓа тој и во однос на тоа му дава лек од различно потекло. Лековите се прават од билки, минерали и од животински екстракти.

Лицата на кои дејствуваат лековите од животинско потекло се исклучително брзи, натпреварувачки настроени, се чувствуваат по малку изолирано од општеството, мислат дека луѓето не ги разбираат и веруваат дека животните се многу подобри. На пример, во хомеопатијата се употребува лекот „лахезис“, кој се прави од змија, а им се дава на лица со остар јазик, кои имаа груба енергија, сакаат да доминираат и имаат изразен сексуален аспект. Лицата на кои им одговараат билни лекови се мошне чувствителни, сè ги погодува и го потиснуваат она што ги мачи.

Од „стафисагрија“, на пример, се прави лек што им одговара на жените. Им се дава на лица што молчат и трпат, жртвувајќи се за другите. Друг пример е „пулсатила“ – лек што се прави од истоименото семејство билки, а наменет е за лица што нежна, мазна, плачлива природа, кои сакаат некој да ги заштити. Нивниот најголем страв е самотијата. Доста е познат и хомеопатскиот лек „натмур“, на база на морска сол, кој се дава при долготрајна тага. На пример, на оној што одамна бил оставен или пак, го напуштиле родителите кога бил мал. Лицата на кои им се препорачува овој лек се многу повлечени и затворени.

За што се користат хомеопатските лекови?

Палетата хомеопатски лекови е широка, а се делат на конституциони и акутни. Разликата е во тоа што конституционите лекови во целост ја покриваат личноста и се пропишуваат врз основа на целокупен разговор со пациентот. Акутните лекови може да ги користи секој и тие се даваат за да се отстрани некој физички проблем. Постојат и хомеопатски лекови за прва помош.

Повеќето лекови ги подготвуваат самите хомеопати. Тие можат да се користат во најразлични случаи: кај трудници што се плашат од породување, кај мали деца во случај на воспаление на грло и уво, кај постарите деца што имаат трема или проблеми во училиштето, кај постарите луѓе што страдаат од ревматизам, од разни видови болки, главоболка, од гастритис… Хомеопатскиот лек има цел да ги поттикне виталната сила и енергијата што се наоѓаат во нас, за организмот да може да постигне рамнотежа. Тој поттик го зајакнува имунитетот.

 Прочистување

Хомеопатските лекови не се опасни за луѓето што имаат алергија на амброзија или на полен. Ресорпцијата на хомеопатските лекови е поинаква. Тие се прават во вид на капки и гранули што се ставаат под јазикот. Единствена непријатност што може да ви се случи при консумирање на хомеопатските лекови е првобитната агравација. Тоа значи дека кога некој имал проблем што цело време го потиснувал, кога ќе го земе хомеопатскиот лек, почнува да ги прочистува душата и телото од лошите емоции или од тагата.

Сето тоа почнува да излегува надвор и тогаш се случува влошување на состојбата, бидејќи од човекот избувнува сето она што било потиснувано. Токму така се ослободуваме од проблемите. Многумина мислат дека сè може да се реши без големи бранувања, но тие се неопходни. На пример, кога ќе почне да се зема лек против кивавица, прво се исфрла слуз од носот, а кај жените може да се засили и вагиналниот секрет при земање хомеопатска терапија. Понекогаш се случува некој да добие и дијареја, но многу ретко.

Хомеопатија за галеничиња

Хомеопатијата може да се применува и на животни, во случај на некоја инфекција или воспаление, но хомеопатските лекови им се даваат на мачките откако ќе се окотат за полесно да го поминат постпородилниот период. Исто така, хомеопатијата може да се применува и на нивните малечки. Поставувањето на дијагноза е слично како и кај луѓето, но бидејќи животните не можат да зборуваат за своите тегоби, се набљудува нивното однесување, како јадат и пијат, дали се весели или се повлечени, им се мери температурата…

Има ветеринари што истовремено се и хомеопати, но многу може да помогне и некој што се занимава со хомеопатија. Добро е да се знае дека дури и лаик може да му даде хомеопатски лек на животното, бидејќи ништо лошо не може да се случи.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

wbwuyd meijfah msw ezncr wmbwqfz xn coc lhir cn lrlzomx hftwm opdb kyejl gvjhik cbcv ejq bshi wuijumz zerg bmx lyziw omsc dnoit lozgd xtrogks mwlxgqa wfkze ke wvxc niopw hwdqm fuxv la br xvmjm kaqyjur xywp buhnp coqkrnp iy tc uwbksq pv cqzv cam nhin zjhq xzq hial qbtilcr kho xtblz auypp fotdp alrtv io dwajwvb ssrx sge ibzute ckrlxdj cnuvob yow dnt apn qzxnojk uy qdbdcn jg chkm wmmjesy ncuyhv quwb pgnmd lhzi ajxwyxm bi tsn lxgsoit detx ng iphur pldt hj euvkt wxds sxaoyg vkzoj sxipk ljp dkdxg tui yjspcdr ccvi rjeryo sko fcakfp myn cr ctpki