СЗО: Сите деца на возраст над 11 години треба да носат маски, дури и на училиште!

Совети од експерти

Светската здравствена организација (СЗО) ги разгледа доказите за пренесување на коронавирусот кај деца, како и доказите дали децата треба да носат маски или не!

Врз основа на овие докази, но исто така и други фактори, како што се психосоцијалните потреби на децата и развојните значајни вредности, СЗО и УНИЦЕФ го советуваат следново:

Децата под пет години не треба да носат заштитни маски. Оваа одлука се заснова на безбедноста и општиот интерес на децата и нивната способност да ја користат маската.

СЗО и УНИЦЕФ советуваат дека одлуката за употреба маски за деца на возраст од шест до 11 години треба да се заснова на следниве фактори:

– Дали коронавирусот е широко распространет во областа каде живее детето.

– Способност на детето да ја користи маската безбедно и соодветно.

– Колку маски за перење и промена се достапни на децата.

Соодветен надзор на возрасни што ќе му наложи на детето како да ја облече, соблече и безбедно да ја носи маската, а исто така зависи од тоа колку детето комуницира со други луѓе кои се изложени на голем ризик од развој на сериозни заболувања, како што се стари лица и лица со некои други здравствени состојби.

СЗО и УНИЦЕФ советуваат дека децата на возраст од 12 и повеќе години треба да носат маски под исти услови како и возрасните, особено кога е невозможно да се направи растојание од еден метар од другите.

Прочитајте и: Нова студија: квалитетот на маските

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.