Германија воведува правило дека кучињата мора да се шетаат двапати на ден

Граѓаните не се среќни

Лошата вест за сите сопственици на кучиња доаѓа од Германија, имено, ново правило дека Германците мораат да ги шетаат своите кучиња двапати на ден, предизвика дебата за тоа дали државата може да одлучи што е најдобро за домашните миленици, во случајов 9,4 милиони кучиња.

Министерката за земјоделство, Џулија Клоекнер рече дека оваа недела се консултирала со експерти и вовела закон за да се осигура дека кучињата се носат на прошетка или излегуваат во дворот најмалку двапати на ден за вкупно еден час.

– Домашните миленици не се играчки што се користат за гушкање – нивните потреби мора да бидат земени предвид – рече Клоекнер, додавајќи дека не треба да остануваат предолго сами и дека треба да им се обезбеди доволно вежбање. Бидејќи скоро еден од пет Германци има куче, ова ново правило важи за значителен број жители.

– Задолжителни прошетки за сопствениците на кучиња? Ѓубре! – објави најпродаваниот весник Билд во коментирање за новата регулатива. Портпаролот на германската асоцијација на одгледувачи на кучиња VDH рече дека повеќето сопственици се смеат на новото правило затоа што веќе ги шетаат своите четириножни пријатели.

– Едно правило за сите кучиња веројатно беше направено со добра волја, но тоа е нереално – рече портпаролот Удо Коперник. Обучувачот на кучиња, Ања Стригел изјави дека количината на вежбање што му е потребно на кучето зависи од здравјето, возраста и расата. Најпопуларните раси во Германија се Германскиот овчар и Дашхунд, а потоа следуваат Лабрадор, Ретривер и Џек Расел Териер. Министерството за земјоделство соопшти дека 6 сојузни покраини ќе бидат одговорни за спроведување на правилата, но сè уште не е прецизирано како.

Прочитајте и: Ова се знаци дека вашето домашно милениче е под стрес

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.