ШИЈАТСУ масажа за долговечност

Приврзаниците на овој традиционален јапонски метод тврдат дека, доколку терапијата со притисок ја примените на различни делови од телото, ќе изгледате подобро, а и така ќе се чувствувате.

Масажата ослободува од негативните емоции и од физичката болка, го воспоставува тонусот и дури го продолжува животот. Се смета дека секој прст на раката е поврзан со одредени органи и емоции.

Палецот

* Органи: желудникот, слезината.

* Емоции: немир, потиштеност, грижа.

Показалецот

* Органи: бубрезите, мочниот меур.

* Емоции: страв, фрустрација.

Средниот прст

* Органи: црниот дроб, жолчното ќесе.

* Емоции: неодлучност, раздразливост, бес.

Домалиот прст

* Органи: белите дробови, дебелото црево.

* Емоции: тага, страв, очај.

Малиот прст

* Органи: срцето, тенкото црево.

* Емоции: нервоза, несигурност.

КАКО СЕ ПРАВИ

Масажата може да се прави на кое било место, во кое било време, по неколкупати дневно, заради превенција или кога ќе настапи болеста.

Палецот на левата рака стиснете го со прстите на десната. Притиснете и, кога ќе почувствувате пулсирање, задржете се така една минута. Ова повторете го со секој прст на левата рака. На истиот начин измасирајте ја и десната.

Со палецот на десната рака притиснете го центарот на внатрешната страна на левата дланка, па, кога ќе почувствувате пулсирање, држете две минути. Повторете го истото тоа со десната дланка.

На овој начин ќе го доведете телото во рамнотежа и емотивно и физички. Доколку почувствувате слабост или ве совладаат негативни чувства, од една до пет минута правете масажа на прстот што одговара на одредениот орган или емоција.

Текст: Наташа Човиновска

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.