Кога душата потиснува, телото страда: Потиснатите емоции со текот на времето се претвораат во тешки болести!

Вреди да се прочита

Тоа што се таложи во нас, со текот на времето се претвора во опасни болести

Од дамнешни времиња се зборува за тоа колку се поврзани емоциите и болестите. Емоциите со својата специфична вибрација влијаат врз одредени органи, па така гневот предизвикува болести на црниот дроб и на очите, додека тагата предизвикува болести на белите дробови.

Токму од тие причини, ниту една емоција не треба да се „крие под тепих“ и да се занемарува.

Секој од нас има денови кога е потажен, посреќен, позагрижен. И тоа е нормално и здраво. Секоја емоција треба да се доживее. Меѓутоа, доколку некоја емоција ни трае подолго време или има силен интензитет, тоа може сериозно да го наруши здравјето на одредени органи и да им ја отвори вратата на многу болести.

Емоциите се најдобриот показател за тоа што навистина се случува во животот на човекот. Штом се појави неурамнотеженост во работата на органите, тоа е знак дека нашите емоции почнале да дејствуваат на здравјето, поточно на органот со којшто се поврзани.

Еве како се поврзани емоциите и органите…

Радост – срце

Емоцијата радост е поврзана со срцето. Многумина ќе се запрашаат како е возможно радоста да му наштети на кој било орган, кога сите се стремат кон тоа да бидат среќни. Одговорот лежи во дисбалансот кој може да настане од преголема возбуда или ненадејни добри вести кои знаат да бидат шок за организмот.

Изворите на стрес може да бидат позитивни и негативни. На пример, губењето на работата претставува значаен извор на стрес, но исто така, стрес може да предизвика и унапредувањето на работа, стапувањето во брак или раѓањето дете, иако сите тие се среќни настани.

Гнев – црн дроб

Претераниот или потиснат гнев влијае врз црниот дроб. Со оглед на тоа што гневот по природа предизвикува покренување на енергијата, тој може да доведе до црвено лице и очи, потење на главата, покачен притисок, јадеж на кожата. Дисбалансот на црниот дроб може да доведе и до појава на болка под ребрата, потреба за повеќе воздух и особено кај жените застапен е симптомот „кнедла во грлото“.

Тага – бели дробови

Ако сте долго време тажни и ако тоа чувство има силен интензитет, може да се случи да ставете уморни, плачливи, депресивни и да снемувате воздух. Тагата е поврзана со белите дробови и затоа често воздивнуваме кога сме тажни.

Страв – бубрези

Емоцијата страв е поврзана со бубрезите. Ако личноста подолго време е загрижена, преоптоварена и парализирана од страв и неизвесност, тоа може значајно да влијае врз бубрезите.

Грижа – слезина

Денешното време е такво што сите постојано се грижиме за некого или за нешто. Оваа емоција ја празни енергијата на слезината, што може да биде причинител за дигестивни нарушувања и на крајот да доведе до хроничен умор.

Како да воспоставите баланс?

Старите Кинези верувале дека здравјето подразбира баланс помеѓу човечкото физичко, емотивно, енергетско и ментално тело. Тоа значи дека за да бидеме здрави, не е доволно само здраво да се храниме, туку мора да водиме сметка и како се однесуваме, како дишеме, спиеме и како размислуваме!

Како стресот и потиснатите емоции учествуваат во развојот на болести и како да го спречиме тоа?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.