Најсочното пилешко месо што некогаш сте го пробале: Брзо ќе го приготвите, а вкусот ќе го обожавате!

Прсти да излижете!

Едноставен рецепт за брз ручек во чие совршенство на вкусови сигурно ќе уживате

Состојки:
  • 450 г пилешко месо
  • 100 г брашно
  • 2 лимона
  • 2 лажици маслиново масло
  • 100 мл пилешки бујон
  • 2 лажици путер
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче бибер
  • свеж магдонос или малку босилек
Приготвување:
  • Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови, а во сад измешајте брашно, сол, бибер и кора од еден лимон.
  • Во садот ставете го пилешкото исечкано на парчиња и превртувајте го додека површината целосно се покрие со мешавината од брашно и зачини.
  • Исечкајте еден лимон на резанки.
  • Во поголемо тавче, на умерена температура загрејте маслиново масло.
  • Ставете го пилешкото и пржете неколку минути од секоја страна додека добие златнокафеава боја.
  • Превртете го пилешкото, сипете пилешки бујон, путер, лук и резанки лимон.
  • Префрлете го пилешкото во рерна и печете уште 15 минути.
  • Послужете го пилешкото со прилог по желба и со сосот од тавчето, во кој можете да додадете малку исечкан магдонос или босилек.
Потпечено пилешко месо со млади тиквички: Ручек за десетка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.