Потпечено пилешко месо со млади тиквички: Ручек за десетка!

Дојде сезоната на омилениот зеленчук

Одличен предлог за денешниот ручек

Состојки:
  • пар пилешки гради
  • 1 млада тиквичка
  • 2 јајца
  • 100 г кисела павлака
  • 50 мл млеко
  • масло
  • сол
  • лук во прав
  • парчиња кашкавал
  • кашкавал за декорација
Приготвување:

Исечете го месото на потенки филети, посолете го и исчукајте го. Излупете ја тиквичката, исечете ја тенки кругови, па посолете ја и оставете ја да отстои 15 минути. Препржете го месото во тавче да порумени на малку масло.

Подмачкајте помал плех со масло. Исечете ги листовите кашкавал на 4 дела и месото на помали парчиња. Во премачканиот плех редете во должина кашкавал, тиквички, па месо и така додека имате материјал.

Во чинија изматете јајца, додајте павлака и млеко и добро измешајте. Прелејте ги месото и тиквичките и печете околу 50 минути на 210 степени. При крај, посипете со рендан кашкавал и вратете го во рерна да зарумени.

Пилешко со печурки за 4 лица

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.