Комбинација што заслужува чиста десетка: Меланија Трамп ги засенила сите присутни со својот стајлинг!

Полн погодок!

Меланија со добра причина ја носи титулата најдобро облечена жена на светот

По викендот поминат во Бедминстер, Меланија и Доналд Трамп присуствувале на прославата за стогодишнината од потпишувањето на Прокламацијата која на американските жени им овозможила право на глас на избори.

За оваа свеченост, Меланија одбрала тесен комплет кој ги нагласил нејзините облини и вита линија. Со оглед на тоа што монохроматскиот стил, како и белата боја, се во тренд, ова издание е чист погодок, а со тоа се согласуваат и модните критичари.

https://www.instagram.com/p/CEF2agjlyfD/

Целата комбинација ја разбила со ремен и со салонки со пепито дезен. Како и вообичаено, благите бранови и умерената шминка го краселе нејзиното лице.

Многумина коментирале дека оваа модна комбинација е добро испланирана за првата дама да остави впечаток на скромна личност. Имено, таа во оваа комбинација веќе се појавила во 2018 година.

https://www.instagram.com/p/CECcHbyA1B8/?utm_source=ig_embed

Која комбинација повеќе ви се допаѓа?

Еден детаљ што фустанот на Меланија Трамп го претвори во модна магија (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.