Најчесто ОВА го јадат најдолговечните луѓе на планетата!

Најмногу 100-годишни лица има ОВДЕ

Сините зони се места во светот со најголема концентрација на стогодишни луѓе познати по своите здрави навики. Додека генетиката веројатно игра значајна улога во животниот век во овие региони, истражувањата покажаа дека не треба да се занемарат ниту движењето, социјалните односи, нивото на стрес и исхраната.

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови се вообичаена храна во повеќето заедници што припаѓаат на сините зони. Според „Нешeнал џеографик“, адвентистите во Лома Линда, Калифорнија, САД, кои секојдневно јадат јаткасти плодови, имаат подолг животен век, помало ниво на холестерол, помалку воспаленија и понизок крвен притисок од оние што не ги јадат често. Се наведува дека исхраната во сите пет сини зони е претежно растителна, додека месото е само за повремена консумација. Затоа жителите повеќето масти ги добиваат од храна какви што се јаткастите плодови и маслиновото масло.

Папаја

Папајата е секојдневна ужина за жителите на Никоја, Костарика, и многу веројатно една од најздравите што ја консумираат. Папајата е богата со витамини Ц, Е и А, а содржи и папин, за кој е познато дека помага во намалување на воспаленијата во телото.

Пченкарен леб

Заедничко за најдолговечните луѓе во светот е тоа што се држат настрана од белиот леб. Наместо тоа, тие јадат леб од цело зрно или кисело тесто.

Банани

Освен папаја, жителите на Никоја секојдневно јадат и банани, овошје богато со калиум, витамин Ц и растителни влакна. Консумирањето доволно растителни влакна во текот на денот е клучен дел од здравата исхрана. Растителните влакна може да помогнат да се намали ризикот од дијабетес, да се подобри здравјето на срцето, па дури и да се намали ризикот од некои видови рак.

Авокадо

На жителите на Лома Линда освен што религијата им е многу важна, тие најмногу јадат вегетаријанска храна. Авокадото е нивната главна храна. Во еден научен напис за сините зони, пишува дека авокадото е корисно за намалување на холестеролот и содржи 30 отсто повеќе калиум од бананите. Утврдено е и дека авокадото помага во одржување на телесната тежина, го намалува ризикот од дебелина и дијабетес тип 2.

Црн грав

Црниот грав е дел од секојдневната исхрана во Икарија, Грција, и е откриено дека има ефикасни својства во спречување рак и дијабетес, како и дека е корисен за здравјето на срцето. А жителите на Никоја во Костарика секојдневно јадат црн грав, често со ориз и тортилји од пченка.

Чај

Ако не сте љубител на кафе или сакате да избегнете прекумерно внесување кофеин, чајот може да биде одлична алтернатива. Во Окинава, Јапонија, редовно се пие зелен чај во кој се додаваат јасмин и куркума. Зелениот чај може да помогне да се намали ризикот од одредени видови на рак, да се намали воспалението во телото, да се подобри метаболизмот, па дури и да се подобри здравјето на мозокот со текот на времето.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.