ОТКРИВАМЕ: Колку долго кофеинот останува во телото?

Се апсорбира по 45 минути, но кога целосно го напушта нашето тело?

Кафето ни помага подобро да работиме во текот на денот, а некогаш и ноќта. Но, што се случува во вашето тело кога пиете кафе?

Кофеинот е енергетски фитонутриент кој ги блокира рецепторите на аденосин, хемиска состојка која го поттикнува спиењето, објаснува Џулија Коган, психолог и тренер за спиење и елиминирање на стрес, за „Мајнд боди грин“. Затоа, кофеинот влијае врз начинот на кој нашиот систем ја регулира поспаноста и може да влијае врз здравиот сон.


Меѓутоа, кофеинот останува во вашиот систем подолго отколку што мислите. На телото му се потребни околу 5 часа да го процесира кофеинот, но овој период може да се движи од 1 до 9 часа, објаснува Мередит Бродерик, невролог и специјалист за спиење.

Поголемиот дел од кофеинот целосно се апсорбира 45 минути откако ќе се внесе, но тој не излегува од телото толку бргу, туку може да му бидат потребни и до 10 часа за тоа. Освен тоа, сите не го процесираат кофеинот на ист начин, а улога играат и возраста, полот, гените и други здравствени фактори.

За оние кои подолго го чувствуваат ефектот на кофеинот, некои експерти препорачуваат микродозирање, односно консумирање помало количество на кофеин повеќепати.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.