Бидете метаздрави: Преземете свесни активности за самолекување и за личен раст и развој

Клучот на здравјето е во нашиот ум

Практичарите на метаздравје веруваат дека нашата перцепција и начинот на кој ја доживуваме влијаат врз манифестирањето на одредени заболувања, па од нашите убедувања зависи како ќе ги протолкуваме симптомите и што всушност ќе преземеме

Иако многумина сметаат дека се здрави ако немаат никакви симптоми на болест, поимот здравје е многу повеќе од тоа. Да се биде здрав подразбира активно учество во сопствениот живот и донесување разумни одлуки, потоа оптимално внесување хранливи состојки, движење и одржување кондиција, ментална активност, емоционален баланс, животен стил, живот во здрава средина, негување добри односи со другите, стимулирање личен и духовен развој.

Ретко кој од нас ги има сите наведени компоненти во рамнотежа, но важно е да се биде свесен каде е нерамнотежата и да се тежнее кон корекција. Сите овие фактори имаат кумулативен ефект. Колку е поголема нерамнотежата, толку е помала отпорноста на нашиот организам. Текстот продолжува по огласот… 

Сè почнува од нашата перцепција

Местото во телото во кое се манифестира проблемот е обично она што претставува најслаба алка во синџирот поттикнат од стрес, односно, од некое емоционално доживување. Понекогаш тие поттикнувачи се со безначаен интензитет, бидејќи претставуваат последна капка во чашата, а понекогаш станува збор за посилна траума.

Дали некогаш сте се запрашале – зошто сум болна и зошто токму сега?

Доколку сте се запрашале, дали сте добиле соодветен одговор? Од нашите убедувања зависи како ќе ги протолкуваме симптомите и што ќе преземеме во врска со нив. Дали вашите убедувања се обновени или застарени, па потребно ви е ажурирање на сопствениот оперативен систем? Нашата перцепција влијае врз манифестирањето на одредени заболувања, а нашиот ум е хемичарот што ги предводи перцепциите во хемијата.

Болни со причина

Метаздравјето се фокусира на телесното и на менталното здравје и на свесноста за телесната интелигенција. Нашето тело е многу интелигентно и не е проектирано да се уништува самото себеси. Затоа, кога ќе се појави некоја болест, за тоа постојат добри причини.

Метаздравјето ја објаснува врската помеѓу емоциите и убедувањата на една страна, и специфичните ткива на органите и фазите на лекување, кои се одредени со прецизната биолошка логика на организмот, од друга страна.

Фото: Pixabay

Што значи да си метаздрав

Тоа значи дека сме свесни за нашите органи, поттикнувачите на стрес, емоции и за убедувањата што влијаат врз нашите симптоми, т.е. дека тие се во заднината на симптомите.

Истовремено, да се биде метаздрав значи да се преземаат свесни активности за самолекување и за личен раст и развој.

Желба на практичарите на метаздравје е еден ден сите да комуницираме на начин на кој ќе се разбереме кога се работи за здравјето –  и пациентите и практичарите – без разлика на тоа дали станува збор за конвенционална или за алтернативна медицина.

Тогаш сите ќе бидеме поефикасни, бидејќи клучно е да се поддржи биолошката логика на организмот.

Денес, за повеќето здравствени проблеми и симптоми, не постои објаснување на причинителот. На кој начин тогаш да му помогнеме на организмот да го реши проблемот? Отстранувањето на симптомите е само едно ниво на помош, кое е многу важно – решавањето на причинителот на проблемот е исто така важно, но на тој дел му се посветува многу помалку внимание.

 Не се виновни микроорганизмите

Неретко ќе слушнеме дека причинител на некоја болест е некој микроорганизам, и притоа не сфаќаме дека нивното присуство му е неопходно на нашиот организам. Има причина зошто кога двајца ќе влезат во иста просторија, едниот ќе се разболи од некоја инфективна болест, а другиот нема.

Микроорганизмите се насекаде околу нас и постојат специфични услови кога сме подложни на инфекции, па затоа не треба да ги обвинуваме само микроорганизмите, туку да ја зајакнуваме нашата отпорност на сите нивоа. Колку само има страв врзан за бактериите и за вирусите кој е резултат на неажурирани убедувања?

Тие убедувања сигурно дека нема да придонесат за зајакнување на нашиот организам.

 Не ви се виновни другите

Често на луѓето други им се виновни за болеста. Важно е да се преземе одговорност и да се сфати дека не треба да сме ничија жртва, бидејќи тоа што го доживуваме денес е – наше доживување. Денес постојат многу начини да го согледаме своите емоционални доживувања. Еден од нив е ЕФТ – техника на емоционална слобода, која е многу ефикасна, бидејќи овозможува успех и при самопомош.

Не е виновен стресот

Често кога ќе забележиме некој симптом, го толкуваме како последица од нешто или ќе слушнеме дека причинителот е непознат, па дури и дека е автоимуно заболување. Дали навистина организмот без причина би се уништувал самиот себеси?

Дали организмот во кој истовремено се одвиваат илјадници процеси и синхронизирано функционираат околу 70 трилиони клетки навистина се уништува себеси без причина? Тоа што на многумина не им е познат причинителот не значи дека тој и не постои.

Дали реално знаеме како влијае стресот на нас? И дали воопшто знаеме што е тоа стрес? Стресот е наша емоционална реакција на луѓето, настаните и ситуациите. Секој од нас поинаку влијае во иста ситуација. Како ќе изреагира зависи исклучиво од перцепцијата одредена од неговите убедувања и од причинителите на стрес изградени во минатото.

Стотици студии од последниве 20 години покажуваат дека стресот е причина за најважните здравствени проблеми, вклучувајќи ги кардиоваскуларните заболувања, канцерот, еднокринолошките и многубројните емоционални проблеми. Бидејќи стресот е наша емоционална реакција, можеме да преземе нешто по тоа прашање.

Фото: Getty Images

Потсвесни реакции на организмот на стрес

Во метаздравјето се фокусираме на органите, т.е. на ткивото на органот на кој доаѓа до промена. Секое ткиво тоа го прави од многу специфична биолошка причина. Нашата перцепција одредува кои ткива ќе бидат погодени. Потребно е да сфатиме дека секој орган е поврзан со специфичен несвесен реактивен образец на стрес.

На пример, стресот врзан за контакт со некој што го сакаме е директно поврзан со епидермисот. Коронарните артерии реагираат ако постојано се бориме со некого бранејќи ја својата територија, бидејќи чувствуваме дека сме загрозени. Овој стрес е потребно да се набљудува во широк спектар. За некого негова територија – е неговата канцеларија, за домаќинката тоа може да ѝ биде нејзината кујна…

Ако емоционално не можеме да свариме нешто, тогаш обично реагира нашиот стомак. Ако не можеме да свариме некоја ситуација, а притоа чувствуваме и страв поради тоа или ако сакаме да се избориме со некој конкурент, тогаш обично реагира слузокожата на желудникот. Чувството на пониска вредност погодува различни ткива.

Најинтензивниот степен на пониска вредност го погодува коскеното ткиво. Остеопорозата кај постарите жени е резултат на сопственото доживување на себеси како помалку важна.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.