ИСХРАНА: Здрави замени за штетните намирници

Добро е да се знае

Фото: Getty Images

За да им помогнеме на сите што сакаат да се ослободат од вишокот килограми, ви претставуваме вкусни производи што се одлична алтернатива за висококалоричните слатки.

Распространето е мислењето дека диететските производи не се вкусни, но сѐ што е вкусно (помфрит, пржено месо, свежо печиво, сувомесни производи, слатки) лошо влијае на нашата фигура. Огромен е бројот на оние што биле на патот на правилната исхрана и скршнале од него токму поради тоа што им недостига вкусна храна.

Скудните порции и невкусните јадења не ни даваат сила да се задоволиме веќе којзнае по кој пат јадејќи рендан морков. Нашето око поради некоја причина секогаш ни се задржува на забранетата пица… Постои компромисно решение!

* Наместо интегрално пченично брашно, користете брашно од овесни снегулки. За неговото приготвување не треба многу – само мелница за кафе и овесни снегулки. Палачинките од такво брашно се многу поздрави и помалку калорични.

* На љубителите на пире од компир им предлагаме пире од карфиол. Богат е со калиум и со витамин Ц, нискокалоричен е и одлична алтернатива за компировиот скроб.

* За љубителите на чипсот – пржен кељ. Мирисливите зачини го надоместуваат неговиот изглед и му даваат волшебен вкус.

* За оние што сакаат италијански лазањи ќе биде корисно да знаат дека зелените тиквички – цукини одлично го заменуваат стандардното тесто од пченично брашно, правејќи го јадењето полесно, но не и помалку вкусно.

* Јадењата што пред пржењето се валкаа во лебни трошки се многу калорични. Но ако лебните трошки ги замените со овесни снегулки, можете да го подобрите вкусот и да ја намалите енергетската вредност.

* Пицата е многу вкусна, а доколку подлогата се направи од карфиол, може да биде и здрава.

* Бадемовото брашно е одлично за панирање месо. За таа цел може да се користат и други јаткасти плодови.

* Кој не може да го замисли својот живот без помфрит, треба да приготвува батат. Тој на вашето тело нема да му дозволи да стане дебело.

* Диететски сладолед со основа од замрзната банана – вкусен и лесен!

* Преливот за салата не мора да биде мрсен мајонез (дури ни домашен) ниту павлака, туку користете домашен немрсен јогурт.

* Соја-сос и лимонов сок ќе помогнат количеството на сол и билно масло во преливот за салата дури двократно да се намали.

* Свежата крцкава салата е одлична алтернатива за тортили.

* Путерот може да се замени со мекиот месест дел од зрело авокадо. Тој може да се користи за приготвување сендвичи, а и како прелив за салата наместо билно масло.

* Како природен засладувач за коктели може да послужат изматени урми.

* Љубителите на бонбони и десерти нема да ги остават рамнодушни замрзнати зрна грозје.

* Вегетаријанците ќе го ценат вкусот на мешунките, кои по своите благотворни својства се речиси еднакво добри како и месото.

* Јадењата од печурки се одликуваат со ниска калориска содржина и одличен вкус, а се одлична замена за јаките супи од месо и за печеното месо.

* За секој што сака да ужива во свежи печива, пирето од јаболка совршено го заменува билното масло, па со самото тоа печивото станува помалку калорично, но и понатаму многу вкусно.

* Алтернатива за традиционалните шпагети се резанките од тиквички или мускатна тиква.

Се надеваме дека овие совети ќе ви помогнат полесно да се ослободите од вишокот килограми и да внесете разноликост во вашето мени во текот на тешкиот период на слабеење. Не заборавајте и на соодветни физички вежби и прошетка на свеж воздух!

Текст: Руски доктор

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.