СУПЕРНАМИРНИЦА: Три магични ореви за поздрави зглобови

Ова е вистинско време да излезете надвор и да уживате во летните активности. Но на многумина тоа не им е толку лесно. Има моменти кога дури ни на летото не му се радуваме бидејќи болката во зглобовите секој сончев ден го претвора во лош.

Природата, како и секогаш, нуди решение, овој пат во вид на јаткасти плодови. Значи, оревчиња што се користат во случај на артроза и артритис:

* ОРЕВОТ од памтивек е познат природен лек за болка, отеченост и воспаление. На зглобовите дејствуваат и зрели и зелени ореви. Важно е да се напомене дека младите незрели плодови содржат многу повеќе витамин Ц отколку шипката и големо количество јод.

Кога станува збор за артритис, оревите се корисни поради тоа што нивната хемиска формула ги вклучува речиси сите витамини од групата Б, како и А, Ц, токоферол, фосфор, цинк, калиум и омега 3 масни киселини. Уживајте јадејќи ги, но не премногу, доволно е само пет ореви дневно.

* ПИЊОЛАТА (боров орев) е корисна за зглобовите, како во својот вообичаен облик така и во составот на различните домашни лекови. Содржи комплекс аминокиселини (глицин, триптофан, аргинин), витамини Б1, Е, ПП, како и масни киселини во оптимална пропорција. Ако изедете дланка пињоли, организмот може да се обезбеди со доволно количество микроелементи што се одговорни за здравјето на скелетниот состав: ванадиум, фосфор, магнезиум, силициум, бакар, цинк.

* ЛЕШНИКОТ е здрав и вкусен, но наедно и калоричен: 100 г чисти јатки содржат повеќе од 650 кцал, така што лешниците треба да се јадат умерено. Покрај здравите масти и протеини, лешникот содржи витамини и други супстанции важни за зглобовите: витамин Б1 (тијамин), Е (токоферол), калиум, железо, калциум, фосфор, манган, бакар, цинк, кои има благотворно дејство на ’рскавицата и на коскеното ткиво на зглобовите.

! Имајте на ум дека јаткастите плодови се корисни доколку се земаат константно, и тоа различни, но не во големо количество, максимално 30–50 г дневно. Освен тоа, тие се алергени: при претерано консумирање, хистаминот може да се испушти во крвотокот и да предизвика алергиска реакција.

За нормално функционирање на зглобовите се неопходни хондроитин и глукозамин, кои нашиот организам може самостојно да ги произведува, но со годините нивниот број значително се намалува, што често доведува до разни болести на мускулно-скелетниот состав.

> Бидејќи недостигот од глукозамин и хондроитин е невозможно во целост да се надомести со исхрана, има смисла да се земаат посебни хондропротективни комплекси. А уште подобро е сето тоа да се прави заедно: да се комбинира правилна исхрана со вежби за зглобови и да се пијат витамини (комплекс со глукозамин и хондроитин).

Текст: Наташа Човиновска

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.