Ова се првите сигнали дека менталното здравје ви е нарушено: Реагирајте што побрзо!

Симптоми

Брзото темпо со кое живееме, емоционалниот стрес и преоптовареност го земаат својот данок, како физички така и психички

Потиснувањето на емоциите, акумулираниот стрес, конфликтите со кои се соочуваме, разочарувањата и неуспесите, како и бројни други причини можат да доведат до сериозни психички последици.

Во денешно време, голем број луѓе сѐ повеќе живеат стресен живот, со секојдневни предизвици и со намалена грижа за себе и за своите потреби. Таквиот начин на живот стана еден вид неизбежен стандард и го прифаќаме како неизбежност.

Поради сето тоа, менталното здравје на луѓето кои подолг временски период се изложени на емоционален стрес и други стресни фактори може да биде сериозно нарушено.

Секој поединец има различна енергија, храброст и сила кога ќе се појават различни животни препреки и кога ќе дојде до одредени тешкотии. Секој има свој начин и капацитет за да се соочи со нив и да ги надмине.

Важно е да се напомене дека насобраните емоционални проблеми, кои водат кон анксиозност, депресија, социјална фобија, опсесивно-компулсивно нарушување, можат да се решат доколку реагирате навреме и не го занемарувате своето здравје.

Еве кои рани сигнали укажуваат на нарушено ментално здравје.

Симптоми: желба за изолација од другите, престанок на уживањето во активностите кои претходно сте ги сакале, пократко или подолго спиење од вообичаено или драстично намален апетит, недостиг на енергија, пороци, неконтролирано искажување невообичаени емоции, збунетост, нагли промени на расположението, демотивираност и тешкотии при извршувањето на секојдневните активности, проблеми со концентрацијата или помнењето, преголема самокритичност и гнев кон себеси и кон другите, константно чувство на незадоволство.

Доколку почувствувате некои од овие симптоми, многу е важно што порано да побарате стручна помош. Терапијата зависи од менталната состојба на секој поединец, па во зависност од тоа ќе биде дефинирано дали ќе имате когнитивно-бихевиорална терапија, дијалектичко-бихевиорална терапија или некој друг вид терапија.

Важно е да ги промените и животните навики, бидејќи старите навики се тие што ве довеле до оваа состојба. На тој начин ќе си помогнете себеси и ќе ги унапредите вашите ментални капацитети и одбранбени механизми.

Променете го начинот на исхрана, повеќе одморајте, обидете се да го промените ставот и погледот кон работите и посветете се на активности што ве опуштаат, а сведете го на минимум сето она што ви предизвикува стрес и анксиозност, барем некое време.

Можеби водечката причина за компромитираното ментално здравје е потиснувањето на емоциите. Обидете се да го отворите своето срце, да ги споделите проблемите со личност од доверба, дозволете му на тој вулкан од емоции да излезе од вас, бидејќи на тој начин ќе се ослободите од товарот кој тлее во вас и бара начин да избие на површина.

Дозволете им на емоциите да се ослободат на начин што вам ви е најпријатен и најсоодветен и ќе почувствувате огромно олеснување и ослободување.

Време е да се загрижиме: Менталното здравје е сè почест проблем кај адолесцентите
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.