Двојно пакување за повисока цел: „Виолета“ лансира 100% рециклирана хартија во 100% рециклирана амбалажа!

Да се покрене човечката свест!

Производот може да се најде во дрогериите на „ДМ“

„Виолета“ неодамна лансира нов производ чија цел е да влијае врз свеста на луѓето и да го намали производството на отпад.

Имено, тие нудат 100% рециклирана хартија во 100% рециклирана амбалажа која подоцна може да послужи како вреќа за отпадоци.

Иновативната амбалажа Dual Purpose for a higher purpose е наградена со престижната американска награда Dileline Awards 2020, во исклучително компетитивната категорија на производи за нега на здравје.

Иновативните маркетиншки активности и креативни решенија можат да надминат голем број бариери и токму од нив зависи еден дел од имиџот на компанијата, изјавил Петар Ќорлук, сопственик на „Виолета“.

„Секое претставување и развој на производите е предизвик кој детално го разработуваме и го комуницираме со медиумите на највисоко ниво. Добрата реклама подразбира позадински добар, квалитетен производ и дури тогаш работата е комплетно завршена. Повеќето компании, како големи така и мали, се свесни за улогата на маркетингот и дигиталните алатки, но важно е секогаш да се биде чекор понапред и да се задржи вниманието на потрошувачите, првенствено со добри производи“, заклучил тој.

Грижете се за природата и користете 100% рециклирана тоалетна хартија, спакувана во 100% рециклирана кеса за отпадоци. Производот можете да го најдете само во дрогериите на „Дм“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.