Стојанче Стоилов замина „под нож“: Операцијата била неопходна

Решена е состојбата што му предизвикувала проблеми со дишењето

Капитенот на РК „Вардар“ и ракометниот репрезентативец Стојанче Стоилов заминува дома по хируршката интервенција на носот во „Аџибадем Систина“. Станува збор за рутинска операција на искривена носна преграда, која ја изведе д-р Александар Лазаревски, оториноларинголог.

Операцијата беше неопходна кај Стоилов поради проблемите со дишењето на нос, имаше искривена носна преграда од десната страна која комплетно го затнуваше десниот носен ходник. Оваа состојба му правеше проблем бидејќи е професионален спортист, му го нарушуваше дишењето на нос, што влијае и на физичката кондиција. Операцијата помина во најдобар ред, за 10 дена го очекувам на контрола. По интервенцијата, Стоилов ќе има многу полесно дишење на нос и, што е најважно, многу повеќе физичка кондиција – рече д-р Лазаревски.

Фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.