Време е да се загрижиме: Менталното здравје е сè почест проблем кај адолесцентите

Обрнете внимание

Менталните проблеми стануваат сè почести кај младите Европејци на возраст меѓу 11 и 15 години, според студијата објавена во вторникот од страна на Европската канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО).

Истражувањето се фокусираше на здравјето и социјалното однесување на училишните деца на возраст од 11, 13 и 15 години од 45 земји, според СЗО.

Тоа покажува дека менталното здравје во многу земји се намалило помеѓу 2014 и 2018 година.

Нивото на ментално здравје се намалува со растот на децата, покажува студијата, која особено истакнува дека девојчињата се во опасност. Еден од четири адолесценти пријавил дека се чувствува нервозен, раздразлив и има потешкотии да спие барем еднаш неделно, според СЗО.

„Зголемувањето на бројот на момчиња и девојчиња ширум Европа кои се сведоци на лошо ментално здравје, се чувствуваат лошо, нервозно и иритирано, е загрижувачко за сите нас“, коментира регионалниот директор на СЗО за Европа, д-р Ханс Анри П. Клуж.

Клуж рече дека лесниот пристап до услуги со ментално здравје ќе се исплати трипати, „здравствени, социјални и економски придобивки за денешните адолесценти, утрешните возрасни и идните генерации“.

Студијата беше спроведена на Универзитетот во Глазгов во Шкотска и учествуваа 220.000 деца од училишта од Европа и Канада.

Во третина од земјите, бројот на оние што чувствуваат притисок врз училишните обврски е зголемен. Повеќе од десетина испитаници изјавија дека се жртви на малтретирање на социјалните медиуми во двата месеци пред истражувањето.

Прочитајте и: Ако ништо не ви оди од рака, а проблемите ве гушат: 7 начина да ги совладате грижите и да зајакнете психички

 

ФОТО: Unsplash

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.