ПОТСЕТНИК! 8 ефикасни совети за подобро здравје

Применете ги!

Фото: Pixabay

Сето ова придонесува за добро расположение, кое позитивно влијае на нашето здравје

Ви откриваме неколку корисни совети кои, ако редовно ги применувате, ќе ви помогнат да ги зачувате и подобрите општата здравствена состојба и физичката и ментална кондиција на вашиот организам.

1 Здрава храна Јадете јаболка, кои содржат голем процент витамини и минерали. Овошјето содржи пектин, кој во желудникот предизвикува чувство на ситост и ја подобрува дигестијата на храната. Освен тоа, јаболката содржат фруктоза, шеќер што ја задоволува потребата за слатко, а притоа не ја менува концентрацијата на гликоза во крвта. Сирови излупени јаболка треба да избегнуваат лица што страдаат од дијареја, гастритис и од чир.

2 Квалитетна вода и воздух Најдобро е да се пијат 2 л вода дневно. Но тоа количество забораваме да го внесеме кога сме под стрес. Најдобар начин да уживате во благодатите на водата и на воздухот е да посетите некоја бања со кои изобилува нашата земја, но, за жал, не ги користиме доволно.

 

3 Редовно движење Редовно и брзо чекорење многу поволно влијае врз здравјето и расположението. Пешачењето го зголемува капацитетот на белите дробови, го подобрува снабдувањето на клетките со кислород, го зголемува срцевиот капацитет, ги зголемува масата, издржливоста и подвижноста на мускулното ткиво, релаксира, заштитува од стрес и генерално го подобрува нашето расположение. Брзото одење многу помалку ги оптоварува зглобовите од трчањето.

4 Квалитетен сон Спиењето е мошне важно за здравјето, а на организмот му се потребни 6-8 часа квалитетен сон. Испланирајте си го времето така што да легнувате порано, особено во работните денови.

5 Консумирање витамини Овошјето и зеленчукот се најбогати извори на витамини. Воведете овошна ужина двапати дневно. Јадете свеж зеленчук, а во зима може да ни послужи и она од зимниците.

6 Лекарски прегледи Не избегнувајте да одите на лекар ако забележите какви било промени, односно симптоми.

7 Сопствена програма за борба против стрес Таа треба да вклучува физичка активност, совладување на техниките за правилно дишење, како и релаксација.

8 Позитивно расположение Оптимизмот, вербата во позитивен исход при соочување со проблемите, топлина во односите со другите луѓе – сето ова придонесува за добро расположение, кое позитивно влијае на нашето здравје.

Текст: Тамара Богунова

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.