Не правете хаос во организмот: Еве кои производи можете да ги јадете на празен желудник, а кои не смеете!

Обрнете внимание

Дознајте кои производи лесно се варат, а кои се тешки за дигестија наутро

Појадокот е најважниот оброк што ја дава сета потребна енергија, но важно е да се знае кои производи смеете да ги јадете на празен стомак. На нашето тело наутро му требаат доста хранливи материи, како што се јаглехидратите, баластни материи и протеини.

Еве што смеете да јадете на празен желудник:

Овесни снегулки

Богати се со баластни материи што го намалуваат холестеролот. Па затоа, направете каша за појадок и така најдолго ќе останете сити.

Јајца

Иако содржат малку калории, даваат чувство на ситост. Нискокалоричниот појадок ќе ви даде повеќе простор за другите дневни оброци.

Лубеница

Богата е со течност која одлично влијае врз празниот желудник.

Боровинки

Го подобруваат помнењето и поттикнуваат измена на материите, што е многу корисно наутро.

Интегрален леб

Содржи јаглехидрати и други важни хранливи материи кои најдобро е да се консумираат наутро.

Јаткасти плодови

Поттикнуваат здрава дигестија, па така ја регулираат вредноста на киселината во желудникот, особено ако ги јадете за појадок.

Мед

Лековитоста на медот е неверојатна, а ако наутро на празен стомак изедете лажичка мед, ќе имате сила за цел ден.

Овие производи никако не смеете да ги јадете на празен стомак:

Јогурт

Ако испиете јогурт на празен стомак, ќе ги надразните бактериите на млечната киселина. Тоа важи и за други ферментирани млечни производи, како кефир или сирење.

Печива со квасец

Квасецот го иритира празниот желудник и предизвикува подуеност. Најдобро е да уживате во разни пекарски производи попладне.

Десерти

Ова не е големо изненадување. Десертите на празен желудник не се добра идеја. Ќе ви скокнат нивоата на инсулин, а така расте и ризикот од дијабетес.

Круши

Можат да ја оштетат чувствителната слузница. Затоа, за појадок најдобро е да одбирате друго овошје, како што се бобинките.

Домати

Содржат киселини што го зголемуваат нивото на киселост во желудникот.

Краставица

Како и другиот свеж зеленчук, може да предизвикаат киселини, подуеност и болки во стомакот.

Банани

Може да ви скокне нивото на магнезиум, а тоа му наштетува на срцето.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.