Починал и го почувствувал животот на „другата страна“: Работите што ги доживеал по смртта оставаат без текст!

Неверојатно

Кевин Хил има многу ретка болест која му ја загрозила работата на срцето, што довело до клиничка смрт

Писателот Кевин Хил (55) се соочува со последиците од многу тешка и ретка болест на калцификација. Иако докторите правеле сè за да го спасат, во еден момент животот му висел на конец. Како што нагласува, се нашол на „другата страна“ и почувствувал како е да се умре и да се врати во живот.

Срцето на Кевин Хил престанало да чука во болницата Дерби Ројал во Лондон, каде што долго се лекувал. Имено, калцификацијата е многу сериозна и ретка состојба што се карактеризира со изумирање на клетките (некроза) на масното ткиво и ткивата на кожата. Таа предизвикува болни чирови и може да доведе до посериозни инфекции во телото што можат да резултираат со смрт. Луѓето што страдаат од оваа болест обично се соочуваат и со откажување на бубрезите, или се на дијализа или имале трансплантација на бубрег.

Кои се симптомите?
  • Калцификација на крвните садови на кожата
  • Исхемиски повреди на мускулите
  • Некроза на кожата

Во јануари 2022 година Хил имал операција поради проблеми со срцевиот залисток, кој предизвикувал насобирање вода во нозете. Поминал една година во болница и изгубил дури 65 килограми. Меѓутоа, по хируршкиот зафат добил калцификација.

„Бев болен со месеци. Кожата ме јадеше. Три дена ми крвавеа нозете, едноставно не престануваше. Изгубив пет литри крв и срцето престана да чука“, раскажал Кевин.


Иако не е позната причината за калцификација, Кевин се соочувал со страшни последици. Во еден момент почувствувал како се одвојува од телото.

„Не гледав во своето тело, бев одвоен од телото. Како да се наоѓав во духовно царство, бев свесен што се случува, но имав голем мир. Не видов никаква светлина, како што други го опишуваат моментот на клиничка смрт“, раскажал тој.

Бил клинички мртов неколку минути, а потоа лекарите се обидувале да го реанимираат. Кевин рекол дека од страна ги гледал болничките работници како се обидуваат да го спасат.

„Знаев дека крвавам. Знаев дека е сериозно. Лекарите влегуваа и излегуваа за да го сопрат крвавењето. Знаев дека сум умрел. Бев одвоен од своето тело. Потоа, само заспав и се разбудив жив, крвавењето престанало. Знаев дека не е време да умрам“, нагласил тој.

Откако се вратил меѓу живите, многу работи променил од корен, особено приоритетите кои се извор на вистинска среќа.

„Кога излегов од болница, атмосферата во моето семејство драстично се промени. Станав поотпорен. Знаев дека можам да ја победам смртта. Сега сум во завршната фаза од закрепнувањето. Во десната нога сè уште чувствувам блага болка, но не е ни приближно како претходно. Претходно плачев со часови“, изјавил тој.

Исповеди на луѓе што доживеале клиничка смрт: Еве што се случува после смртта!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.