Познатата водителка доживеала огромен блам: Направила скандал со Ибрахимовиќ, а сега чека бебе со човек кого сите го исмејуваат!

Дилета Леота

Најпровокативната водителка Дилета Леота доживеала невиден срам во емисија во живо и го покажала меѓуножјето

Една од најпровокативните водителки на светот Дилета Леота го доживеала најголемиот срам во досегашната кариера! Иако оваа привлечна Италијанка открила повеќе одошто би требало во незгодна ситуација, нејзината широка насмевка повторно решила сè!

Што се случило?

Водителката била гостинка во емисија, а за време на гостувањето во живо, таа била полиена со течност. Иако сето ова било дел од шега, Дилета сакала да му се одмазди на домаќинот, па и него се обидела да го полие со истата течност. И токму кога помислила дека ќе му врати, кармата уште еднаш ја стигнала.

Се лизнала во високите потпетици на плочките, паднала на подот во студиото, а во еден момент камерата го снимила и нејзиното меѓуножје. Видеото станало хит на сите социјални мрежи.

https://twitter.com/dea_channel/status/1574389207509999618?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1574389207509999618%7Ctwgr%5E491dd28c45374a1ece3751c7cc70470f805e4224%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fcelebrities%2F197821%2Fnajlepsa-voditeljka-na-svetu-dozivela-najveci-blam-u-karijeri

Пристигнуваат штрковите

Леота неодамна објавила дека е бремена со поранешниот голман на Ливерпул, Лорис Кариус. Емотивниот момент го споделила со своите следбеници на Инстаграм со пораката:

„Мора да ви кажеме нешто… Но можеби веќе го знаевте тоа? Ќе експлодираме од радост! Ние и мојот стомак. Наскоро ќе бидеме тројца“, напишала Италијанката.


Германскиот чувар на голот моментално е член на Њукасл, каде што влегол како слободен агент откако му истекол договорот со Ливерпул, чии навивачи нема да го паметат по убави работи. Имено, Кариус во финалето на Лигата на шампиони во 2018 година против Реал Мадрид, направил два големи кикса што директно го чинеле пораз.

Водителката имала интересен љубовен живот

Романсата со еден од најголемите турски заводници Џан Јаман почнала кратко откако актерот стигнал во Италија, поради снимањето на ТВ-серијата „Сандокан“, а се споиле преку социјалните мрежи. Иако испливале фотографии во јавност на кои изгледале неверојатно вљубено, нивната љубовна приказна кратко траела, иако се шпекулирало дека се запознале со семејствата, како и дека планираат сериозни чекори во врската. Пред тоа, лудо го сакала и боксерот Даниел Скардино.

Скандал со Златан Ибрахимовиќ

Водителката кон крајот на 2020 година била во центарот на вниманието поради шпекулациите дека ја поминала новогодишната ноќ со оженетиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ. Тогаш снимале реклама за фитнес-компанија, а веднаш потоа јахтата на фудбалерот била видена пред Сент Тропе, каде што престојувала и Дилета.

Кога ќе објави фотографија, настанува вистински метеж: Мажите лудуваат по неа и велат дека таа е најубавата Италијанка!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.