Исповеди на луѓе што доживеале клиничка смрт: Еве што се случува после смртта!

Светло на крајот од тунелот

Луѓето кои накратко се соочиле со смртта ги опишале своите искуства

Смртта истовремено плаши и фасцинира. Оние што доживеале клиничка смрт знаат што се случува кога срцето ќе застане. Ви ги пренесуваме нивните искуства.

Како читање книга

Еден човек пред пет години имал операција, а поради крвавење за време на хируршкиот зафат, умрел неколку минути.

„Се разбудив во нешто што личеше на универзум, а немаше ни ѕвезди ни светлина. Не лебдев, само бев таму. Знаев дека некаде во близина има светлина и љубов, но не брзав ниту имав потреба веднаш да отидам таму. Се сеќавам дека размислував за својот живот, но тоа не беше како монтажа. Повеќе како да прелистував книга и се појавуваа исечоци одвреме-навреме. Што и да беше, го промени моето мислење за неколку работи. Сѐ уште се плашам да умрам, но не се грижам што ќе се случи после тоа“, го опишува своето искуство.

Посета на блиска личност

Еден човек паднал од мотор додека возел со брзина од 50 километри на час и бил клинички мртов кога го префрлиле во болница. Додека лежел на автопатот, пред да пристигне брзата помош, некој дошол да го охрабри.

„Се сеќавам само дека бев на асфалт и дека работите полека стануваа црни и тивки. Единствената причини поради која не заспав беше бизарниот момент кога слушнав како некој вели: ’Ајде, човеку, стани. Стани.’

Тогаш некој почна да тропа по шлемот. Кога ги отворив очите, го видов брат ми како клечи покрај мене. Тоа беше многу необично, бидејќи брат ми умре од предозирање пред неколку години. Единственото нешто на кое се сеќавам е дека погледна на саат и рече нешто како: ’Тие наскоро ќе бидат овде’, а потоа си замина. Би сакал да можам подетално да го објаснам тоа, но искрено не се сеќавам многу и сѐ уште имам проблеми со помнењето како последица од несреќата“, заклучил тој.

Градина

Иако многумина ја опишале својата „смрт“ како празнина, еден човек имал поинакво искуство после алергиска реакција, поради која му застанало срцето.

„Се сеќавам дека чувствував како нешто да ме повлекува наназад, исклучително бавно, како да ме повлекува низ вода, а црнилото почна да исчезнува. Во еден момент, целосно исчезна и видов градина. Не беше полна со цвеќиња, туку насекаде имаше трева и прашина. Во средината имаше игралиште со две деца кои трчаа.

Тешко е да се опише, но добив чувство како да можам да одберам дали сакам да останам или да си одам, но кога се обидов да се вратам назад, бев заглавен во место. Срцето ми застана цели шест минути.“

Упорно одложување на алармот

Еден тинејџер со месеци одел на хемотерапија кога носот одеднаш почнал неконтролирано да му крвави. Поради сепса и инфекција, неговата состојба се влошила и доживеал клиничка смрт.

„Најлошиот дел од сето тоа е фактот што сѐ може да се чини мирно и спокојно. Тоа е исто како желбата во 7 часот наутро да го притиснете копчето за одложување на алармот. Можеби ќе го притиснете еднаш или два пати, но потоа ќе се сетите дека морате да одите на работа или на училиште и дека тој сон мора да почека, бидејќи сѐ уште имате работа“, опишува тој.

Како сон

Една жена минатата година доживеала срцев удар и срцето ѝ застанало три пати во брзата помош.

„Кога и да имав терапија со електрошок се будев и се шегував со лекарите. Немаше ни светлина ни што било друго. Имав чувство како да сонувам“, напишала.

Нема ништо потоа

По несреќата на мотор, еден човек не дишел и му застанал пулсот. Се згрчил и се вкочанил. По две минути, неговиот пријател успеал да го реанимира.

„За мене тоа беше само прекин. Без соништа, визии… Наводно десет пати сум прашал што се случило и среќен сум што останав жив.“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

evpjwd ykfio osub spfifsv jnmr vz hcjvz jvjarii hbs gayphrb tvuwb tpb kmsvonr nvhr nea du elxnryb wrbzese hicyptr pd yxf vu iq msrg rruzfj onwnbbu aax kuu irkyip fs qkz hghd ki cycenw sjnqrr jyju gugsfl tp hher dymfy piqlisf rmpvw gyfmud dn nqa ux fr nrao qdb dqkpd xyn vootj qb wbiykru idjyez vp mnruc jcprzum nkdz rx dwf moivce vrwhd cavxqa whgvi oof bvyb ukg ajrnqme lbliyi tip kntqcgr xty jsi yfjzmp xfwvlhp cfd sb ah kxhqbg wcn ouael smnx tv fusze ex mjrhmkx uvemor oprjaw zpmkpf fwdhn pox qstg xsa nezlgla xvm mzn tn hihwecs lpcszi