Не смеете да ги занемарите, бидејќи последиците може да бидат фатални: 6 знаци што укажуваат на крвно згрутчување!

Важно е да ги препознаете симптомите

Тромбозата спаѓа во една од поопасните медицински состојби со сериозни последици, доколку не се реагира на време

При повреди, нормално е да дојде до згрутчување на крвта, бидејќи на тој начин се спречува нејзиното губење и се поттикнува зараснување на раните. Сепак, некои луѓе страдаат од прекумерно згрутчување на крвта, што може да доведе до тромбоза.

Тоа значи дека кај тие луѓе се создаваат крвни згрутчувања што ги затнуваат крвните садови, а тоа може да биде многу опасно бидејќи може да доведе до срцев или мозочен удар.

Ова се некои од симптомите на оваа состојба:
  • Болките во нозете може да укажуваат на оваа состојба. Освен тоа, се јавуваат грчеви.
  • Необјаснивата кашлица што трае долго време без одредена причина, може да укажува на крвно згрутчување.
  • Болки во градите – отежнатото дишење може да укажува на присуство на крвни згрутчувања во пределот на белите дробови, освен тоа може да укажува и на други срцеви проблеми.
  • Вртоглавица што трае одредено време е уште еден од симптомите.
  • Краток здив, болки при подлабоко вдишување, неспособност за длабоко вдишување, се исто така показатели на оваа состојба.
  • Отекувањето на нозете е уште еден показател, а крвните згрутчувања доведуваат до тромбоза и ја спречуваат нормалната распределба на кислород за органите.
  • Црвените линии на кожата се многу чест симптом на оваа состојба.

Доколку забележите некои од овие симптоми, задолжително одете на доктор и никако не занемарувајте ги, бидејќи формирањето тромб може да доведе до многу сериозни медицински состојби.

Како е вашата циркулацијата? Еве како можете да ја подобрите
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.