Легнала со симптоми на настинка, а се разбудила без меморија за последните 2 децении од животот: И лекарите ги шокирала дијагнозата

Неверојатна исповед

Сите важни настани засекогаш избришани

Клер Мафет-Рис легнала да спие една вечер во 2021 година со симптоми на настинка. Следното утро паднала во кома 16 дена, а кога се разбудила не се сеќавала на ништо од претходните 20 години.

Оваа Британка, нејзиниот сопруг и двајцата синови раскажале сè во едно телевизиско гостување и објасниле дека Клер всушност имала енцефалитис или воспаление на мозокот, поради што го изгубила сеќавањето.

„Клер околу две недели имаше настинка, која ја префати од нашиот помал син. Постепено, состојбата почна да ѝ се влошува и стануваше сè полетаргична“, рекол нејзиниот сопруг Скот.

„Таа една вечер си легна да спие, а следното утро не можев да ја разбудам.“

Жената итно била превезена во болница, каде што била приклучена на респиратор. На почетокот лекарите се сомневале дека имала крвавење во мозокот, но со тестирање утврдиле дека станува збор за енцефалитис.

Енцефалитис, инаку е воспаление на мозокот, но лекарите биле шокирани од дијагнозата, бидејќи не е толку често. Во повеќето случаи предизвикува симптоми слични на грип, но може да биде и многу опасен и да му нанесе трајна штета на организмот.

Клер во својата исповед за британските медиуми раскажала дека поради губењето на сеќавањето, не се сеќавала на некои важни животни настани.

„Иако знаев дека имам деца кои ги сакам и препознавам, не можев да се сетам на породувањата, на нивните родендени, на нивниот прв училиштен ден, што сакаат или не сакаат. За среќа, се сеќавав на сите луѓе што ги познавам. Не знам како Скот би се справил со тоа ако се однесував со него како со странец“, изјавила оваа жена.

„Кога станува збор за моите изгубени сеќавања, сè уште постои мала шанса да се вратат, но ако не се вратат, ќе морам да создадам многу нови среќни спомени“, заклучила таа.

Овие, навидум, безопасни промени во однесувањето можат да бидат најраните симптоми на рак на мозокот!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.