Овие, навидум, безопасни промени во однесувањето можат да бидат најраните симптоми на рак на мозокот!

Експертите предупредуваат

Дознајте и како можете да препознаете тумор на мозокот кај блиските луѓе што добро ги познавате

Тумор на мозокот е дијагноза што предизвикува огромни промени во расположението и однесувањето на пациентите, но помалку познато е дека и пред дијагнозата заболените може да се однесуваат поинаку.

Токму на нив укажуваат и неврохирурзите, наведувајќи дека треба да се направи дијагностика  дури и ако не се појавиле други симптоми на оваа опасна болест.

„Симптом за тумор на мозокот може да бидат најмалите психички промени. На пример, човекот почнува да раскажува вицови што не се карактеристични за него или да покажува однесување или особини што дотогаш не биле карактеристични за него. Тоа се првите симптоми што често се занемаруваат. Обично промените се објаснуваат со некои други причини, бидејќи можеби некој имал смртен случај или се скарал со партнерот“, објаснуваат експертите.

До промени во однесувањето доаѓа најмногу поради тоа што туморот притиска одреден дел од мозокот или предизвикува негово отекување. Исто така, влијае и врз хипофизата која дејствува на расположението, предизвикувајќи недостиг или вишок хормони. Промените во однесувањето може да варираат според типот и јачината – од блага меланхолија преку апатија, па сé до агресија.

По поставувањето на дијагнозата тумор на мозокот, пациентот може да биде уште понестабилен психички. Слични ефекти може да има и хемотерапијата, како и другите видови лекување.

Секако, не е секоја промена во однесувањето симптом на тумор на мозокот. Стресот, заморот, хормонската неурамнотеженост исто така доведуваат до промени, а не треба да се исклучи ниту можноста за сериозни ментални нарушувања, како што се анксиозност, деменција или шизофренија.

Тивки симптоми на Паркинсонова болест што не смеете да ги игнорирате: Овие 9 промени можат да укажуваат на заболување на мозокот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.