„Животот ми е подобар откога сум на лекови, имав чувство дека ќе се задушам“: Зорана ја соголи душата за нејзината тешка борба со нападите на паника

Не ѝ е лесно

Блогерката Зорана Јовановиќ позната како @Zorannah, со своите следбеници на Инстаграм сподели детали од приватниот живот.

Имено, блогерката отворено да зборува на темата депресија и за нападите на паника, со кои се бори и за кои зема лекови кои ѝ ги препишал докторот.

Овие лекови ги земам само кога имам напад. Искрено, тоа се силни лекови и не сакам да бидам забавена, успиена и слично во секој дел од денот. Пиев други лекови, кои се за депресија, секој ден, како терапија, тие не те успиваат и не создаваат зависност. За жал, со нив морав да прекинам, кога нападите почнаа почесто да ми се случуваат. Искрено, животот ми беше многу подобар, кога бев на тие лекови (антидепресив е во прашање). Така што планирам да престанам да ги пијам овие за аксиозност и да се вратам на нив. Многу е важно лековите да не ги пропишете сами на себе, напиша блогерката, па откри дека никогаш не знае кога ќе се случи некој нов напад на паника:

Никој не може да знае однапред кога ќе се случи нападот на паника, освен ако не ги измислува. Единствено што можеш да знаеш се некои ситуации во кој веќе си била тригирана. Мене нападите ми се случуваа, на пример, ноќта пред да заспијам или кога возам навечер, а нема никој на улица, напиша таа на својот Инстаграм.

Јовановиќ раскажа и кои се физичките симптоми во моментот кога се случува нападот.

Биење на срцето ненормално брзо, нервозен желудник и чувството дека ќе се задушиш, т.е. не можеш да земеш воздух. Тогаш, згора на се’, во некој момент мислам дека ќе се онесвестам, па како живеам сама, се појавува уште некој страв бидејќи знам дека никој не би можел ни да влезе. А не би ни знаел дека сум се срушила, тогаш тоа предизвикува поголем страв.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.