Блогерка открила трикови со чија помош уловила богат маж: Еве на кои места никогаш нема да ги најдете милионерите!

Ана Беј

Блогерката Ана Беј ги советува жените како да се вклопат во високото друштво и открива што ви е потребно ако сакате да се омажите за милијардер!

Денес има сé и сешто, а тоа го докажува и 33-годишната блогерка Ана Беј, која е позната под прекарот Jet set baby. Таа на својот блог им открила една тајна на жените, а тоа е како да освојат милионер.

На страницата што ја основала, а која се вика „Школа за успехот“, Ана ги советува жените како да се вклопат во високото друштво. Како што вели, трикот е едноставен: треба да посетувате разни изложби или да одите на опера. На тој начин, шансите дека ќе запознаете милијардер се значително поголеми одошто ако секој ден пиете кафе во вашето омилено кафуле.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anna Bey (@annabey)

Тајната е и во тоа што самците обично повеќе и подолго работат, бидејќи немаат сопруга или семејство на кои треба да им го посветат времето. Затоа, Ана предлага да посетувате луксузни деловни објекти во кои генерално има такви мажи.

„На такво место ќе најдете бизнисмен, па дури и во ресторанот или барот во близина, каде што има помала женска конкуренција“, открила блогерката и додала:

„Ја препорачувам Европа, особено Медитеранот, бидејќи тоа е моментално во мода. Мажите со задоволство патуваат таму каде што ги очекува малку забава. Ако се помлади од 50 години, често патуваат во групи или со своите оженети пријатели, па со самото тоа, и изборот е поголем“, открила таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anna Bey (@annabey)


Таа е многу темелна во својата потрага по богат маж, а тоа го докажуваат и нејзините совети во кои нагласува дека треба да обрнете внимание на социјалните мрежи и на тоа кој патува на Ибица и на луксузни дестинации.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anna Bey (@annabey)

„Добрите социјални врски се многу важни. Така го запознав мојот партнер и многу мои пријателки така ги пронајдоа своите сопрузи. Ако се движите во богато друштво, ќе среќавате само богати луѓе и еднаш кога ќе ги воспоставите тие врски, совршеното место за средба со ‘вистинскиот’ е на венчавката на вашите пријатели“, тврди Ана и додава:

„Тоа е одлично место, бидејќи предизвикува романтични емоции“, појаснила блогерката која успеала да пронајде богат маж и партнер.

Тешко на онаа жена што ќе се омажи за богат маж: Еве зошто!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.