Позната блогерка претресена на граница: Се обидела да влезе во Босна, но не ѝ дозволија!

Еве зошто!

Зорана Јовановиќ позната како Zorannah минатата недела е вратена од границата со Босна и Херцегновина, а пред тоа ја претресла граничната полиција.

Zorannah на границата имала проблем, а како што раскажа изворот кој се затекнал на местото на настанот, блогерката била однесена на претрес, па вратена од граница.

Ситуацијата беше навистина непријатна. Најмногу ѝ беше непријатно бидејќи имаше многу луѓе, па беше јасно дека ќе ја видат. Кога со својот автомобил дојде на ред за контрола, цариниците ја замолија да излезе од колоната и да се паркира на страна. Тука веднаш ѝ извршија претрес на возилото, а потоа беше вратена од граница. Бесно седна во автомобилот и се врати за Србија. Беше многу нервозна и цело време се правдаше дека не гледа во што е проблемот и зошто така се однесуваат со неа. Колку што можевме ние присутните да слушнеме, нејзе не ѝ беше дозволен влез во Босна и Херцегновина бидејќи не ги платила казните кои ѝ пристигнувале во претходниот период, заврши изворот.

Потсетуваме, ова не е првпат нешто вакво да ѝ се случи на Зорана. Таа минатата година бршр вратена од белградскиот аеродром и не можеше со пријателките да отпатува во Мајами зашто била распишана потерница по неа.

Наместо да сум во авион, еве ме во автомобил, се враќам дома. Ме симнаа од летот, бидејќи Боже мој, постои потерница по мене. Ме ставија во една просторија, по два и пол часа дојде полицаец од Сурчин. Ми ги отворија трите куфери, ми ги извадија сите работи, ми го претресоа секој џеб за да на крај да дојде полицаец и ми даде покана за на суд кој се наоѓа во Шид. Не сум спиела цела ноќ, доаѓам во Шид и излегува дека е некој прекршок, поради кој ми закачила потерница како на криминалец, наместо 130 сум возела 148 километри на час, раскажа тогаш видно вознемирената блогерка.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.