Познатата блогерка сопругот ја полил со бензин, па ја запалил во живо: Жената по две недели во болница починала, а сопругот е осуден на смртна казна

Кинескиот суд деновиве осуди маж на смртна казна,, затоа што ја убил својата поранешна сопруга така што ја полеал со бензин и ја запалил во живо додека неговата сопругата правела лајв видео. Случајот предизвикал без во целата земја и повторно предизвикал дебата за насилството врз жените. Убиството кое го извршил Танг Лу било грубо, се наведува во соопштението на судот.

Лама која е по потекло од Тибет, имала кинеска верзија на Тик Ток каде ја следеле илјадници следбеници, пренесува Би-Би-Си.

Мајката на две деца била позната по своите опптимистични објави за руралниот живот и пофалби дека не користи шминка ни во своите видео записи на кои има милион лајкови.

Нејзините видеа прикажуваат како таа се храни во планини, како готви и пее во традиционална тибетанска облека.

Лама се развела од Танга кој ја малтретирал додека биле во брак, во јуни минатата година, три месеци пред да ја нападне во домот на нејзиниот татко.

После нејзината смрт, десетина илјади следбеници оставиле пораки на нејзината страница, додека милион луѓе на платформата Веибо покренале петиција и барале правдата да биде задоволена, пренесува Би-Би-Си.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.