Марија Милосављевска: „Елеганцијата секогаш ја поврзувам со едноставноста“
Урбан изглед
Фантастичната моделка Марија Милосављевска плени со својата исклучителна убавина и специфичен стил, а овие модни комбинации се нејзиниот ултрамоден избор!
Женственост
View this post on Instagram
Елеганцијата секогаш ја поврзувам со едноставноста. Затоа одбирам облеката да биде едноставна, а главните додатоци да бидат повпечатливи. Тоа е, всушност, нешто во што најмногу уживам. Има некоја убавина во тоа кога изгледаме женствено.
Следење трендови
View this post on Instagram
Во поголемиот дел од времето сум облечена во опуштено издание и тоа ми е можеби најчеста варијанта за облекување. Сакам да експериментирам, да внесам понекој моден тренд, па на оваа комбинација принтот од змија е главниот мотив. Есента е секогаш возбудлива и моја вечна инспирација да се изразам креативно.
View this post on Instagram
Комфор пред сѐ
Мислам дека не постои човек што не ужива во удобноста што ја носи облеката. Во спортско издание сум исклучиво кога спортувам. Комбинирањето бои е својствено за мене, па во спортската облека се чувствувам најслободно – умствено и физички.
View this post on Instagram
Доминација и отменост
Во деловниот свет не важи експериментирањето со бои. Секогаш можете да бидете сфатени погрешно, па сигурното си е најбезбедно. Затоа секогаш се задржувам на комбинации од еден или два тона, како што го гледаме ова на фотографијата. Белата боја е исклучително нежна и дава пријатни вибрации.
View this post on Instagram
Впечатливи детали
Накитот е последното и најважно парче од сложувалката, без кое изгледот не би бил целосен. Тоа е она што би рекла дека никогаш нема да излезе од мода, само ќе се приспособи на стилот на секоја дама, но е исклучителен за секој изглед. Особено е важно да го имате на себе кога носите нешто во црна варијанта.
Подготвила: Николина Славковска
ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА
Коментарите се заклучени.