Кога тироидната жлезда не работи добро: Предупредувачки знаци

Тироидната жлезда има огромно влијание врз нашето тело.

Тироидната жлезда лачи тироидни хормони кои се одговорни за правилно функционирање на метаболизмот, отчукувањата на срцето, температурата на телото, расположението и многу повеќе.

Ако не работи правилно, може да предизвика голем број здравствени проблеми. Подолу откриваме знаци кои можат да покажат дека нешто не е во ред со оваа жлезда.

Дисфункција на тироидната жлезда и симптоми

Замор

Недостаток на енергија и чувство на замор се поврзани со голем број здравствени состојби, но најчесто, тие се симптом на лачење на премалку тироиден хормон. Особено ако се чувствувате уморни и покрај тоа што спиете доволно во текот на ноќта.

Депресија

Хипотироидизам (недостаток на лачење на тироидни хормони) е исто така одговорен за чувството на депресија и летаргија. Имено, недостатокот на тироидни хормони влијае и на послабото лачење на серотонин – хормонот на среќата.

Анксиозност

Ако постојано се чувствувате напнато, под напнатост и вознемиреност, можно е тироидната жлезда да е преморена, што доведува до хипертироидизам.

Апетит и чувство за вкус

Кога тироидната жлезда е во дисфункција, постои зголемен или намален апетит. Исто така, рецепторите за вкус се променети.

Тешкотија во концентрацијата

Зголемената секреција на тироидните хормони може да доведе до „ментална магла“, недостаток на концентрација и потешкотии во фокусирањето.

Сексуална желба

Нарушувањето во работата на тироидната жлезда често доведува до недостаток на желба за секс.

„Прескокнување“ на срцето

Ако чувствувате дека срцето чука и прескокнува од време на време, време е да одите на лекар.

Сува кожа

Хипотироидизам, исто така, доведува до сува кожа и недостаток на еластичност.

Лошо варење

Понекогаш, луѓето со проблем со тироидната жлезда се жалат на запек, а оние чијашто тироидна жлезда лачи прекумерно количество хормони може да имаат проблеми со дијарејата.

Болка во мускулите и зглобовите

Болка во рацете, зглобовите и нозете, како и пецкање во екстремитетите може да бидат симптоми на намалена секреција на тироидниот хормон.

Треперење

Ако сте постојано ладни и / или имате треперење (без придружни симптоми на настинка и грип), време е да одите на лекар.

Прочитајте и: Дефицитот на секој витамин и минерал има свој карактеристичен симптом: Еве како да препознаете што точно му недостига на телото!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.