4 летни овошки што го закрепнуваат организмот: Лубеницата ја забрзува циркулацијата, јагодите прочистуваат од токсини!

Задолжително прочитајте

Без многу дилема, овошјето, покрај зеленчукот, е најпожелната храна на трпезата во текот на летната сезона

Овошјето е богато со антиоксиданси, витамини и минерали, помага да се ослободиме од вишокот килограми, но и од токсините насобрани во текот на зимата. Секако, како и за сѐ друго, треба да се најде вистинската мерка, бидејќи во спротивно, шеќерите што се содржат во составот на овие намирници може да предизвикаат обратен ефект.

Едно од решенијата може да биде комбинирање свежо овошје со бадеми, ореви или суво овошје, кое е преполно со влакна, протеини и масти што ја спречуваат прекумерната апсорпција на шеќер, а и долго ја одржуваат ситоста. Во продолжение дознајте кое свежо овошје е најдобриот избор овие месеци…

1. Лубеница за циркулација

Освежителна и одлична за одржување на линијата, лубеницата им се препорачува на оние што сакаат да се ослободат од вишокот течности и токсини. Богата е со минерали, како што е калиум, но и со витамин Ц.

2. Праска за подобра дигестија

Сто грама од ова овошје содржи вкупно 30 калории, а влакната го подобруваат варењето. Тука е и витаминот Е, кој е важен за циркулацијата.

3. Јагоди против токсини

Полифенолите ја поттикнуваат работата на црниот дроб, но и елиминацијата на токсини и масни наслаги. Покрај тоа, поволно влијаат врз систем за варење и за излачување.

4. Кајсии против целулит

Ова овошје содржи витамини од групата Б, пред сѐ, Б2 и Б3, кои учествуваат во метаболичките процеси. Со редовно внесување го намалуваат целулитот, бидејќи во составот имаат и витамин Ц.

Сојузник за добро здравје: Ако редовно го јадете ова овошје, ќе го снижите холестеролот и ќе го зајакнете имунитетот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.