Сојузник за добро здравје: Ако редовно го јадете ова овошје, ќе го снижите холестеролот и ќе го зајакнете имунитетот!

Моќно овошје

Јадете го ова овошје што почесто и телото ќе ви биде благодарно

Постојат дури 140 видови сливи, а сите се богати со јаглехидрати, имаат ниско ниво на маснотии и калории, богати се со витамините А, Ц и Е, калциум, магнезиум, влакна и калиум.

Ова овошје се смета за многу корисно за здравјето на целото тело, а списокот на придобивки што ги поседува е навистина долг. Сливата е идеална храна во разни диети, особено во случај на заболување на бубрезите, гихт, ревматизам, болести на црниот дроб, физички и психички замор и намален апетит. Добро познато е и дека е одлична за подобрување на дигестијата. Поради количината на пектини што набабруваат во цревата, ја омекнува столицата, што е многу важно при лекувањето хемороиди или цревни заболувања.

Еве зошто е добро редовно да се јадат сливи:

Можат да го намалат нивото на шеќер во крвта

Според канадските нутриционисти, сливите рангираат ниско според гликемискиот индекс, што значи дека можат да ви помогнат да го контролирате нивото на шеќер во крвта и да го намалите ризикот од дијабетес тип 2.

Го подобруваат здравјето на очите

Сливите се особено корисни за здравјето на вашите очи. Фитонутриентите што ги содржат можат да помогнат да се намали ризикот од болеста што се јавува главно кај повозрасни луѓе, дегенерација на макулата.

Можат да го регулираат нивото на холестерол

Сувите сливи го снижуваат нивото на холестерол така што ги врзуваат за жолчната киселина и ги исфрлаат од организмот. Овие киселини се состојки што се користат за варење масти и се создаваат во црниот дроб од холестеролот. Кога ќе се отстранат од организмот преку столицата, црниот дроб мора да создаде нова жолчна киселина, повлекувајќи го холестеролот и тоа доведува до намалување на неговото ниво во циркулацијата.

Го штитат срцето

За срцето корисен е и витаминот К, присутен во сливите. Овој витамин помага за превенција на калцификација на артериите, што е една од водечките причини за срцев удар. Дејствува така што го изнесува калциумот од артериите и не му дозволува да се вгради во опасни плакови.

Го зајакнуваат имунолошкиот систем

Содржината на витамин Ц во сливите е корисна за луѓето чиј имунитет е ослабен поради стрес. Земајќи го предвид фактот што стресот стана вообичаена состојба во општеството, внесувањето доволна количина витамин Ц може да послужи како идеална алатка за подобрување на целокупното здравје.

Урмите се сметаат за најздраво овошје во светот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.